Во време кога енергетиката е едно од најважните прашања за секоја држава, наша обврска е да создадеме систем што ќе биде сигурен, конкурентен и отпорен на глобалните предизвици. Intraday Market токму тоа го овозможува. Со оваа платформа добиваме поголема флексибилност во управувањето со електроенергетскиот систем, подобро балансирање и поефикасно користење на енергијата во реално време – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето пред официјалниот почеток на Пазарот во тековниот ден.
Како што истакна Мицкоски, воспоставувањето на Пазарот е показател дека чекориме напред, со јасна визија и со конкретни реформи кои носат резултати.
– Ова е особено важно во период кога целиот европски континент минува низ процес на енергетска трансформација. Нашата држава не смее да стои настрана. Напротив, мора да биде активен дел од европските енергетски текови и политики – потенцира Мицковски.
Тој ја истакна улогата на МЕМО ДООЕЛ Скопје како национален оператор на Пазарот на електрична енергија.
МИА
