Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стартуваше Пазарот за електична енергија во тековниот ден
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стартуваше Пазарот за електична енергија во тековниот ден
Агровести

Стартуваше Пазарот за електична енергија во тековниот ден

Објавено 06/05/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

И официјално почна пазарот за електична енергија. Директорот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, на настанот на официјалното почнување на пазарот ден однапред порача дека денеска не се отвара само нов пазар, туку се отвара нова енергетска перспектива за нашата држава. Перспектива што значи стабилност, што значи доверба и што значи развој.

На отворањето на пазарот на електрична енергија во организација на МЕМО присуствуваат претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, директорот на БСП и претседател на Управниот одбор на АДЕКС, Анже Предовник, како и Мартин Мартиновски, експерт за електрична енергија и статистика во енергетската заедница.

 ​- Овој ден е значаен чекор за македонскиот пазар на електрична енергија, а уште повеќе тој претставува сигнал дека се движиме во вистинска насока кон модерен, интегриран и пазарно ориентиран енергетски сектор. ​Електричната енергија не е обичен производ. Таа има своја специфичност: се произведува и се троши во истиот момент. Тоа значи дека системот мора постојано да биде во баланс. ​Токму затоа управувањето со пазарот на електрична енергија бара исклучителна прецизност, високо ниво на координација и јасни правила на функционирање – рече Ѓорѓиевски. 

Тој истакна дека покрај технологијата и правилата, постои уште еден клучен елемент – доверба во институциите, доверба меѓу учесниците на пазарот и доверба во самиот систем. ​Ѓорѓиевски во своето обраќање доаде дека и од денес нашиот пазар не само што планира за утре туку почнува да дише и да живее во реално време. 

​- Пазарот ден однапред е директен одговор на динамичните потреби на современото општество. И тука доаѓаме до една суштинска економска вистина: на организиран пазар цената не ја одредуваат административни одлуки. Цената се формира врз основа на понудата и побарувачката. ​Ова не е само принцип – ова е предуслов за функционален систем. Јасниот ценовен сигнал е клучен за сите учесници. Тоа овозможува правилна распределба на ресурсите, подобро управување со ризиците и носење рационални инвестициски одлуки. ​Без ваков сигнал, нема ефикасност. Без ефикасен пазар, нема одржлив енергетски систем. ​Ова е особено важно во контекст на инвестициите во обновливи извори на енергија – истакна Ѓорѓиевски. 

Директорот на МЕМО, Ѓорѓиевски, вели дека токму овие инвестиции зависат од транспарентноста и предвидливоста на пазарните исходи. Но и се осврна на предизвиците поврзани со нови регулаторни механизми, кои може да имаат значително влијание врз пазарот и, како што рече, „​како оператор будно ги следиме европските регулаторни текови“.

– Нашата должност е да бидеме гласот на разумот. Мораме да укажеме на опасностите од секое вештачко нарушување на пазарните механизми. ​Како што понудија и алармираа водечките европски енергетски асоцијации, секое ново воведување административни бариери во слободната трговија носи сериозни ризици за ликвидноста на пазарот. Еден од тие механизми е CBAM (Механизмот за приспособување на границите на јаглерод). ​Иако неговата основна цел е поддршка на климатските политики и намалување на емисиите, неговата практична имплементација отвора сериозни дилеми за економиите во развој. Нашата анализа укажува дека ваквите механизми создаваат дополнителни финансиски оптоварувања за домашните производители на електрична енергија. ​Особено е важно да се истакне дека овие ефекти ги погодуваат токму оние компании што веќе инвестираат во обновливи извори. Тоа е парадокс што не смееме да го игнорираме -вели Ѓорѓиевски. 

Тој истакна и дека МЕМО е операторот на пазарот на електрична енергија и тие се оние што ги донесоа мерките, кои имаат цел да ја забрзаат транзицијата кон слободен пазар. ​

– Македонија не е енергетски остров. Ние сме дел од европскиот енергетски систем и суштински сме поврзани со него и пазарно преку нашето право. ​Затоа, наместо нови пречки, на нашиот пазар му е потребна забрзана интеграција и храбро отстранување на сите бариери, кои ја кочат слободната трговија. ​Во еден интегриран европски систем, македонскиот пазар не смее да биде само набљудувач. Секое вештачко одвојување од европските текови е спротивно на принципите на слободна трговија на кои се градеше самата Унија. Ние сме подготвени за пазарен натпревар со фер и еднакви услови за сите – рече Ѓорѓиевски. 

Токму за оваа цел МЕМО изминатиот период работел со полн капацитет. 

– Како врвен сервис го имплементиравме, во тесна соработка со нашите стратешки партнери ADEX, потпирајќи се на глобално докажана технологија – платформата М7 на Дојче Берза. ​Но, зад секој софтвер и зад секој алгоритам стојат луѓе. Овој успех е пред сè плод на пожртвуваноста и несебичното залагање на тимот на МЕМО. Сакам јавно, пред сите вас, да им оддадам длабоко признание на моите колеги. Нивната стручност и патриотизам да се испорача проект од ваков ранг во ветените рокови, е она што нè прави горди. ​Воедно, сакам да изразам благодарност до Владата и Министерството за енергетика за нивната поддршка и визија со која овој проект беше препознаен како приоритет од голем интерес- подвлече Ѓорѓиевски. 

Директорот на МЕМО на денешното отварање на пазарот за електрична енергија порача и дека  овој денешен ‘go-live’ не претставува само крај на еден процес, туку ова е почеток на нова фаза.

– Фаза на понатамошен развој, продлабочување и интеграција на нашиот пазар. Фаза во која ќе продолжиме да градиме систем што е транспарентен, ефикасен и отворен за предизвици-рече Ѓорѓиевски. 

МЕМО

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:електична енергијаПазаротСтартувашетековниот ден
Претходен напис Андоновски: Очекувам добри вести за роамингот во јуни на самитот ЕУ – Западен Балкан
Следен напис Променливо облачно време, во петок и сабота поинтензивни врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?