Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стефан Таневски добитник на Годишната награда за млади истражувачи за 2026 година на Народната банка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стефан Таневски добитник на Годишната награда за млади истражувачи за 2026 година на Народната банка
Агровести

Стефан Таневски добитник на Годишната награда за млади истражувачи за 2026 година на Народната банка

Објавено 27/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По повод денот на монетарната самостојност, Народната банка традиционално ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Добитник на првата награда за 2026 година е авторот Стефан Таневски, за трудот со наслов „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?“ (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?).

-Трудот се фокусира на каналот на цените на средствата, како механизам преку кој се пренесуваат сигналите на монетарната политика во економијата. Се посочува дека интеграцијата на берзите од Западниот Балкан може значително да ја подобри оваа трансмисија, преку побрза и поефикасна реакција на цените на акциите на промените во каматните стапки и монетарните сигнали, при што се укажува дека структурата на финансискиот систем е директно поврзана со ефективноста на монетарната политика, информираат од Народната банка.

По повод доделувањето на наградата, во Народната банка се одржала средба меѓу наградениот истражувач и гувернерот д-р Трајко Славески, директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика Султанија Бојчева-Терзијан (претседателка на Одборот за оценување трудови) и самостојните советнички во Дирекцијата за монетарна политика и истражување Даница Уневска Андонова и Дијана Јаневска-Стефанова (членки на Одборот), како и вицегувернерите Ана Митреска и Игор Величковски.

-На средбата се разменија мислења за наградениот труд и за значењето на истражувачката работа во процесот на носење политики засновани на докази. Особен акцент беше ставен на поддршката што Народната банка постојано им ја дава на младите истражувачи, заради унапредување на истражувачката дејност во земјава. Имено, во изминатите дваесет години, токму преку оваа награда, Народната банка активно придонесува за поттикнување на истражувачката активност кај младите во областа на макроекономијата и банкарството, зголемувајќи го нивниот научен придонес со практична вредност при носењето на економските политики, се вели во соопштението од Народната банка. 

Според традицијата, наградениот труд ќе биде презентиран на некоја од следните сесии на Клубот на истражувачите на Народната банка, којшто функционира како платформа за развој на истражувачката мисла и мрежа за поврзување на експертите од овие области. 

Доделувањето на наградата е дел од одбележувањето на 34-годишнината од монетарното осамостојување и формирањето на Народната банка, а истовремено во година кога Народната банка слави и 80 години централнобанкарско работење во земјава. 

Народна банка

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2026 годинаГодишната наградаистражувачиСтефан Таневски
Претходен напис Посебен сообраќаен режим во Скопје во среда поради посета на швајцарскиот претседател
Следен напис Азески: Очекуваме продлабочување на кризата, ако има потреба ќе побараме таргетирани мерки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?