Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Пелагонија почна пролетната сеидба на житни и индустриски култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Пелагонија почна пролетната сеидба на житни и индустриски култури
Агровести

Во Пелагонија почна пролетната сеидба на житни и индустриски култури

Објавено 27/04/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пролетната сеидба во битолскиот дел на Пелагонија е во тек, а во фокусот на земјоделците се житните и индустриските култури.

Во изјава за МИА, раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Стојан Христовски, истакна дека земјоделците најдоцна до 30 април треба да ги искористат доделените картички за набавка на т.н. „зелена нафта“.

-Оваа пролет во битолскиот дел на Пелагонија планирано е да се посејат 5.200 хектари со житни култури. Пролетната сеидба почна и досега посадени се 800 хектари со пченка. Според планот, земјоделците треба да посејат и индустриски култури кои ќе бидат на површина од 8.400 хектари, а од нив 2.100 хектари ќе бидат со сончоглед. Важно е земјоделците да не заборават дека важноста на картичките за набавка на „зелена нафта“ истекува за неколку денови, односно треба да ги искористат најдоцна до 30 април, нагласи Христовски.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола потврдија дека над 90 насто од земјоделците подигнале картички за „зелена нафта“ чија употреба завршува на крајот од овој месец.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:житникултурипелагонијапролетната сеидба
Претходен напис Скопската вода за пиење е безбедна, потврдуваат анализите
Следен напис Величковски: Народната банка со унапредена монетарна рамка и активности за поефикасни финансиски пазари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?