Во интервју за Нова Македонија, директорката на АФПЗРР, Даниела Иротова – Лазарева одговори на прашањето за важноста од навремена исплата на субвенциите за да можат земјоделците да го планираат своето производство.
– Ова прашање го детектиравме како клучно уште на самиот почеток. Еден од првите чекори беше расчистување на заостанатите обврски за 2022, 2023 и 2024 година, особено кон сточарите. Зборувавме директно со нив и реагиравме веднаш. Во координација со Владата, донесен е заклучок со кој се обврзуваме и имаме дадено предлог-календар за исплата на субвенции за сите мерки по Програмата за директни плаќања каде што се утврдува јасна динамика на исплати. Наш приоритет во моментов е, во рамките на расположливиот буџет, целосно да ги расчистиме сите заостанати обврски.
Затоа, со поддршка од Владата, веќе работиме на воспоставување календар за исплата на субвенции за 2027 година. Од 2027 година, целта е да воспоставиме официјален календар за исплата на субвенции – нешто што земјоделците го бараат со децении. Тоа ќе донесе предвидливост и ќе овозможи подобро планирање на производството – изјави Иротова – Лазаревска.
Интервјуто во целост на следниот линк
