Во интервју за Нова Македонија, директорката на АФПЗРР, Даниела Иротова Лазарева се осврнува на неколку важни актуелни теми, а една од нив е за поништените повици за земјоделска механизација.
– Нема повеќе незаконски огласи – следува фер модел за набавка на трактори и механизација и поддршка на земјоделските задруги. Поништувањето на огласите беше неопходен и одговорен чекор за да се стави крај на неправилностите. Утврдивме сериозни неправилности при нивното распишување, односно неусогласеност со законските прописи, како и со европските регулативи. Дополнително, при објавувањето на јавните повици не биле целосно почитувани критериумите од Програмата за рурален развој 2021–2027 (ИПАРД), особено во делот на разграничување и комплементарност со мерките финансирани од ИПАРД со националната политика. За овие пропусти ќе се утврди и соодветна одговорност. Но ова не е само корективна мерка – ова е пресврт во пристапот.
Се разработуваат неколку сценарио од кое најреално и најприфатливо би требало да биде државата да врши набавка и да им ги доделува механизацијата и тракторите на земјоделците. Работиме на нов модел што ќе биде поедноставен, поправеден и отпорен на злоупотреби. Една од најсериозно разгледуваните опции е државата централизирано да ја врши набавката на трактори и механизација, а потоа транспарентно да им ги доделува на земјоделците и задругите.
Со ваков пристап: се поедноставува постапката и се намалува административниот товар за земјоделците, се елиминираат можностите за злоупотреби и неформални плаќања, се спречува практиката механизацијата да се набавува со субвенции, а потоа да се препродава по истекот на обврзувачкиот период и – најважно – се обезбедува еднаков пристап за сите гранки од земјоделскиот сектор наместо селективност каква што имавме претходно.
Интервјуто во целост на следниот линк
