Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заврши проектот за зачувување на автохтони сорти во Малешево и Беласица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заврши проектот за зачувување на автохтони сорти во Малешево и Беласица
Агровести

Заврши проектот за зачувување на автохтони сорти во Малешево и Беласица

Објавено 22/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението „Амброзија“ од Пехчево го заокружи проектот за одржување и ревитализација на стари овошни дрвја во регионите на Малешево и Беласица. Проектот се реализираше во изминатите 18 месеци со цел мапирање, идентификација и заштита на автохтоните овошни сорти во двата региони.

-Во рамки на проектот во изминатиот период одржавме работилница која опфати презентации, практична обука во Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево, како и теренски активности на повеќе локации во општина Берово. На настанот учествуваа љубители на традиционалното овоштарство, млади земјоделци и претставници на локални организации од Малешево и Беласица, информираше Јасминка Пашалиска Андоновска, претседател на здружението Амброзија.

Во рамки на работилницата, учесниците добиле практични знаења за правилна резидба, одржување и ревитализација на стари овошни насади, како и техники за нивно размножување и долгорочно зачувување, со посебен акцент на одржливите практики и прилагодувањето кон климатските промени.

-Работилницата ја водеше професорот Тошо Арсов од Катедрата за овоштарство при Факултетот за земјоделски науки и храна, кој во текот на проектот споделуваше знаења за препознавање и зачувување на автохтоните сорти, како и за техниките на калемење. Во текот на реализацијата беа мапирани и идентификувани повеќе од 100 стебла од стари локални сорти овошки во регионите на Малешево и Беласица, додаде претседателката на здружението.

Во рамки на проектните активности, освен работилници за калемење, резидба и ревитализација, реализирана е и работилница за одржливо користење на автохтоните сорти овошки и развој на иновативни производи и зелени бизниси, наменета за млади. Со проектот биле опфатени повеќе од 100 учесници од различни целни групи.

Според Јасминка Пашалиска Андоновска, старите сорти имаат значајна улога во зачувувањето на биолошката разновидност, но и економски потенцијал преку развој на зелени бизниси.

Проектот со којбиле опфатени повеќе од 100 учесници од различни целни групи, здружението „Амброзија“ го реализираше во соработка со здруженијата „Биоматера“ од Бугарија и Македонското еколошко друштво, со финансиска поддршка од Европската Унија преку програмата BestBelt.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:автохтони сортиБеласицазачувувањеМалешевопроектот
Претходен напис УЈП: Краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 27 април 2026 година
Следен напис Валандово домаќин на Државниот тракторски натпревар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?