Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата на предлог на МЕТ, донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата на предлог на МЕТ, донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
Агровести

Владата на предлог на МЕТ, донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците

Објавено 21/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за економија и труд (МЕТ), во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе пакет одлуки со цел стабилизирање на пазарот на ѓубрива, заштита на земјоделците и обезбедување континуирано снабдување во пресрет на земјоделската сезона.

Овие одлуки се донесени согласно Законот за трговија, а врз основа на претходно направена анализа од страна на Министерството за економија и труд во соработка со Државниот пазарен инспекторат за движењето на цените на ѓубривата на домашниот пазар во трговијата на големо и трговијата на мало во периодот февруари-април 2026 годинана и за движењето на увозните цени на ѓубрива во периодот јануари-април 2026 година.

Со првата одлука се утврдуваат посебни услови за трговија со неоргански, органски и органо-минерални ѓубрива, како и биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата. Истовремено, се воведува ограничување на бруто профитните маржи во целиот трговски синџир.

Максималната маржа за неорганските ѓубрива се ограничува на:

• до 5% во трговијата на големо

• до 5% во трговијата на мало

За останатите видови ѓубрива и сродни производи, маржите се ограничуваат на:

• до 10% во трговијата на големо

• до 10% во трговијата на мало

Дополнително, трговците се задолжуваат да обезбедат континуирана достапност на овие производи, односно да продаваат најмалку 70% од просечните месечни количини, со што се спречува создавање вештачки недостиг на пазарот.

Со втората одлука, Владата утврди и директна мерка за намалување на цените на постојните количини на неоргански ѓубрива во трговијата на големо набавени до 15 април 2026 година..

Имено, највисоките цени се фиксираат на нивото од 15 април 2026 година, намалени за 10% само за количините на ѓубрива набавени до 15 април 2026 година, и ќе важат до целосно исцрпување на истите.

Овие мерки имаат за спречување на ценовни шокови, заштита на домашното земјоделско производство, обезбедување фер услови на пазарот како и навремено снабдување на земјоделците со неопходни репроматеријали.

Одлуките стапуваат во сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“, при што мерките за ограничување на маржите ќе се применуваат до 31 мај 2026 година.

Министерство за економија и труд

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Владатаѓубриватаземјоделцитестабилизирање
Претходен напис Се ограничува маржата на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство
Следен напис (ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?