Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АмЧам: Заштитата на интелектуалната сопственост е суштинска за економскиот развој, иновациите и довербата во пазарот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АмЧам: Заштитата на интелектуалната сопственост е суштинска за економскиот развој, иновациите и довербата во пазарот
Агровести

АмЧам: Заштитата на интелектуалната сопственост е суштинска за економскиот развој, иновациите и довербата во пазарот

Објавено 21/04/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост, Американска стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам), организира серија од три настани посветени на актуелните предизвици и можности во оваа област, се наведува во соопштението од АмЧам, што МИА го пренесува интегрално.

Целта на овие активности е да се поттикне јавна дискусија и да се зајакне свесноста за значењето на интелектуалната сопственост, како фактор што директно влијае врз инвестициите, иновациите и довербата во пазарот.

-Интелектуалната сопственост често ја гледаме како апстрактна или техничка тема, но всушност, ја живееме секојдневно – во производите што ги купуваме, во услугите што ги користиме и во содржините што ги следиме. Во суштина, таа е прашање на доверба, дали тоа што го користиме е безбедно, квалитетно и оригинално – истакна Јелена Арсовска, извршната директорка на АмЧам во воведното обраќање.

Претседателката на Комитетот за интелектуална сопственост при АмЧам, Ана Пепељугоска, нагласи дека „интелектуалната сопственост не е изолирано правно прашање, туку дел од самата економска структура на едно современо општество, кое ги обликува условите за развој, конкурентност и предвидливост на пазарот.“

Претставникот на Амбасадата на САД во Скопје, економскиот советник, Барнабас Биркеланд, во своето поздравно обраќање ја нагласи поврзаноста меѓу интелектуалната сопственост и јавното здравје: „Потребни се силни заштитни механизми и координирана соработка меѓу институциите и приватниот сектор, со цел да обезбедиме квалитетни лекови, постојани иновации и доверба во целокупниот систем на јавното здравје.“

Првиот настан, кој се одржа во текот на вчерашниот ден, беше посветен токму на состојбите во борбата против фалсификуваните лекови. Темата обедини претставници од институциите, бизнис секторот и експертската јавност, отворајќи суштински прашања за влијанието на оваа појава врз здравјето на граѓаните, пазарната конкуренција и довербата во системот. Во фокусот на панелистите беа актуелните состојби, институционалните механизми за контрола и заштита, како и улогата на индустријата во превенција и едукација.

Дискусијата укажа дека предизвикот со фалсификуваните лекови не е само прашање на постоење на регулатива, туку пред сè, на нејзина доследна примена во пракса и ефикасна заштита на правата од интелектуална сопственост. Беше нагласена потребата од посилна контрола долж синџирот на снабдување, поголема транспарентност и следливост на производите, како и поефикасна размена на информации помеѓу институциите и индустријата. Учесниците се согласија дека зачувувањето на интегритетот на пазарот е клучно за заштита на квалитетот, сигурноста и вредноста на интелектуалната сопственост.

Во рамки на оваа серија на настани на АмЧам, неделава ќе следуваат уште два тематски настани кои ќе адресираат различни димензии на интелектуалната сопственост. Денешниот втор настан, ќе биде посветен на значењето на географските ознаки како алатка за градење препознатливи и конкурентни домашни брендови на меѓународните пазари, додека пак третиот настан, кој ќе се одржи во петок, ќе ги отвори предизвиците поврзани со нелегалното емитување авторски содржини – особено во контекст на дигиталните платформи и новите технологии, каде заштитата на правата станува сè покомплексна.

Со оваа серија активности, АмЧам ја става интелектуалната сопственост во контекст на реалната економија како фактор што директно влијае врз инвестициите, иновациите и конкурентноста на пазарот и создава стабилна основа за долгорочен развој и предвидлива деловна средина.

Американска стопанска комора во Северна Македонија

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:АмЧамекономскиот развојЗаштитатаиновациите
Претходен напис ИЕА: Конфликтот на Блискиот Исток ја создава најголемата енергетска криза во светската историја
Следен напис До четврток нестабилно време со дожд и утрински температури под нулата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?