Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Награди за 30 жени менаџери по повод 30-годишниот јубилеј на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Награди за 30 жени менаџери по повод 30-годишниот јубилеј на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“
Агровести

Награди за 30 жени менаџери по повод 30-годишниот јубилеј на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“

Објавено 20/04/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата „Марили“ годинава, јубилејно, 30-ти пат, ќе ги награди најуспешните жени менаџери од земјата на манифестацијата што ќе се одржи задутре во Скопје.  

– На јубилејната манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери 2026“ ќе бидат наградени 30 жени менаџери за долгогодишно, континуирано, успешно менаџирање и траен придонес кон македонската економија. Лауреатките се избрани по неколку критериуми, меѓу кои успешно менаџирање најмалку 10 години во приватен сектор, успешна компанија во континуитет од целата држава и од разни дејности и сектори. Сите менаџерки се препорачани од нивните деловни колеги и партнери за нивното извонредно менаџирање и професионалност – информира „Марили“.

Сите лауреатки ќе добијат награда – статуетка „Жена водилка“ излеана во бронза, авторско дело на академскиот вајар, проф. д-р Никола Смилков. 

На манифестацијата, менаџерките, гостите од државните институции и реалниот сектор, како и гостите од дипломатијата, покрај свеченото прогласување, ќе имаат можност да слушнат музичкa изведбa на младата виолончелистка Ада Богоевска и на младата пијанистка Ана Манчева. Камерното дуо е под менторство на проф. Даница Стојанова.  

Присутните ќе имат можност и да погледнат изведба на балетска точка на ученици од петто одделение од основниот балетски оддел при Државниот музичко балетски училиштен центар „Илија Николовски-Луј“, од класата на проф. Слаѓана Спасеновска. Настанот, традиционално, со нејзините исклучително лирични најави, ќе го води водителката Ели Танасковска.

– Манифестацијата со години претставува јакнење на женското менаџерство  претприемашво и лидерство и дава општествен придонес во јакнењето на родовата рамноправност и принципот еднакви можности за сите. Освен манифестацијата, 30-годишен јубилеј одбележува и „Бизнис-каталогот на Р. Македонија“, кој веќе е излезен од печат. Воведниот дел годинава е посветен на 35 години независна современа македонска држава, а во внатрешниот дел изобилуваат многубројни интервјуа со жените менаџерки што ќе бидат прогласени, интервјуа со министри, претставници од бизнис-коморите, уметници, глумци, музичари и др. – информира агенцијата „Марили“.

Во продолжение список со годинешните лауреатки:

1.      Даниела Адемоска – сопственичка и извршна директорка,

DoubleTree by Hilton, Скопје

2.      М-р Јаглика Јорданова-Андријеска  – управувачки партнер,

 „РСМ МАКЕДОНИЈА“, Скопје

3.      Александра Шкемби-Антовска – генерална директорка,

„СИГАЛ ЛАЈФ ИНШУРЕНС ГРУП“ Македонија

4.      Филомена Пљаковска-Аспровска – главна извршна директорка,

„Интернационален картичен систем АД Скопје“ – CASYS

5.      Наташа Паунова-Блажевска, сопственичка и генерална менаџерка,

„Л&Н&Т дијагностик“ ДОО, Скопје

6.      М-р Ѓулај Салиевска-Гештаковска, управителка и генерална менаџерка, 

„Кондево МК ДООЕЛ“ Штип 

7.      Д-р Жанина Петрова-Граиќ, хирург, офталмолог, косопственичка и менаџерка, 

ПЗУ Центар за очи „Визија“, Скопје

8.      Мелита Гугуловска, генерална директорка,

 „Сава осигурување“ АД Скопје

9.      Д-р Горица Дачевска, дерматовенеролог, сопственичка и генерална менаџерка

  ПЗУ „Д-р Горица“, Скопје

10.  Доц. д-р Тања Дејаноска – претседателка на Комората на приватното здравство на Македонија, сопственичка и генерална менаџерка на 

Dental International – Prof. dr. Dejanoski, Скопје

11.  М-р Дафинка Ивановска, адвокатка, рубинов директор во „Тианде“ и извршна менаџерка во „Ревитал козметикс“, Скопје

12.  М-р Ирена Јакимова, сопственичка и менаџерка во 

„Инспирит коучинг“, Скопје

13.  Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседателка на 

Стопанската комора на Северна Македонија

14.  М-р Ангела Јолакоска, косопственичка и генерална менаџерка во 

„АСП консалтинг“, Охрид, и финансов менаџер во АСП ПАК Охрид

15.  Билјана Караманолевска, сопственичка и генерална менаџерка,

„Светот на Колорес“, Скопје

16.  Ленче Карпузовска, менаџерка во одделот за комуникации,

„ЕВН Македонија“

17.  М-р Марија Костуранова, сопственичка и генерална менаџерка,  

„Диоптра оптикс“, Скопје

18.  Биљана Мишиќ, извршна директорка,  

    ИУТЕ Македонија

19.  Васка Мојсовска, сопственичка и генерална менаџерка

„Агро калем“, Тимјаник, Неготино

20.  Елена Пандева, сопственичка и генерална менаџерка

„ЕЛЕНА ЛУКА ГРУПAЦИЈА“, Скопје

21.  М-р Марија Патриклиска, менаџер во одделот за човечки ресурси, 

ЕАМ ДОО, Штип

22.  Даниела Перканоска, сопственичка и генерелна менаџерка,

„Авто контрол – сервис“ Прилеп

23.  Анета Антова-Пешева, почесен конзул на Канада во Македонија, сопственичка и генерална менаџерка, Групација на компании „Ултра-унет“, Скопје

24.  Весна Ставрова, претседателка на Фармацевтската комора, сопственичка и генерална менаџерка, ПЗУ аптека „Сара фарм“, Скопје

25.  М-р Татјана Стерјева, спец. фармацевт, сопственичка и генерална менаџерка, „Еурофарм“ , Битола

26.  Д-р Василка Салевска-Трајкова, менаџер за корпоративни прашања,

„Филип морис – Тутунски комбинат Прилеп“, ДОО Скопје

27.  Викторија Шотароска-Трајкова, генерална директорка на 

П.И.К. ко Македонија

28.  Елида Трајковска, косопственичка и генерална менаџерка 

„Хауз мајстор фасилити“, Скопје

29.  М-р Златица Цивкароски  – член на управен одбор,  

Шпаркасе банка АД Скопје

30.  М-р Ксенија Чаминска, сопственичка и генерална менаџерка, 

„Професионал акаунт“, Скопје

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Избор на најуспешни жени менаџеринагради
Претходен напис УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
Следен напис УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?