Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска на средби со ММФ: Клучен приоритет останува макроекономската стабилност и стабилноста на јавните финансии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска на средби со ММФ: Клучен приоритет останува макроекономската стабилност и стабилноста на јавните финансии
Агровести

Димитриеска-Кочоска на средби со ММФ: Клучен приоритет останува макроекономската стабилност и стабилноста на јавните финансии

Објавено 17/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата останува посветена на одржување на макроеконмската стабилност, стабилност во управувањето со јавните финансии, спроведување фискална консолидација и обезбедување забрзан и одржлив економски раст. При тоа будно го следи и развојот на состојбата под влијание на неизвесностите на меѓународен план и презема мерки за справување со предизвиците. Ова беше истакнато на средбите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со извршниот директор на ММФ Јерон Клик, заменик-извршниот директор Марникс ван Рај, директорот на Европскиот оддел во ММФ, Алфред Камер,  со шефот на Мисијата на ММФ, Ник Гигинеишвили, како и со претставници од Одделот за фискални прашања при Меѓународниот монетарен фонд, во Вашингтон.

-Клучна цел на фискалната политика останува подобрувањето на управувањето со јавните финансии и одржување високо ниво на капитални расходи коишто ги поддржуваат дологорочните економски политики. Клучни елементи на кои ја засноваме фискалната политика се мерките за обезбедување среднорочна одржливост, дисциплина во управуањето со јавните финансии, транспарентност и отчетност во користењето на средствата, како и поддршка на економијата преку одржување на капиталните расходи на високо ниво (5 проценти од БДП). Голем фокус е поставен на зајакнување на ефикасноста на приходната страна, особено борбата со сивата економија и дигитализација на процесите, а притоа задржување на ниските даночни стапки- рекла министерката за финансии.

Таа, како што информираат од Министерството за финансии, потенцирала дека особен приоритет на Владата и Министерството за финансии е спроведување на предвидената фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит, којшто од 2024 година оди во надолна линија од 4,4 проценти, во 2025 беше реализиран буџетски дефицит од 4 проценти од БДП и во 2026 година согласно проекцијата е на ниво од 3,5 проценти од БДП.

Како што наведе министерката, Владата и Министерството за финансии ги преземаат сите мерки и го следат развојот на состојбите на меѓународно ниво со цел да се преземат мерки за справувување со предизвиците. Посочи на мерките што се преземени со цел поддршка на бизнис секторот и граѓаните, а како резултат на растот на цената на енергенсите и дека целта е да се одржи стабилноста на јавните финансии и да се поддржи економскиот раст. При тоа беше наведено дека мерките треба да бидат таргетирани.

На средбата била истакната поддршката што Меѓународниот монетарен фонд  ја дава на Министерството за финансии во спроведување на клучните реформи во управувањето со јавните финансии и зајакнување на капацитетите на администрацијата.

Во рамки на престојот во Вашингтон, министерката ќе има средба и со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли. 

Министерство за финансии

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:Димитриеска-Кочоскамакроекономската стабилностММФприоритет
Претходен напис Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан
Следен напис Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?