Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николоски: Ја амортизиравме кризата, нема никаков застој во снабдувањето со гориво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николоски: Ја амортизиравме кризата, нема никаков застој во снабдувањето со гориво
Агровести

Николоски: Ја амортизиравме кризата, нема никаков застој во снабдувањето со гориво

Објавено 16/04/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со мерките што ги презеде Владата успеавме кризата да ја амортизираме онолку колку што беше можно,  изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пред средбата со стопанственциите од Пелагонискиот Регион за  тековните и идните инфраструктурни проекти.

Николоски најави дека со стопанствениците од регионот ќе разговараат и за актуелните предизвици во состојба на економска криза, која што, потенцираше, се надевам оти ќе заврши за брзо време бидејќи доаѓаат позитивни вести за завршување на конфликтот на Блискиот Исток.

– Тоа е еден огромен предизвик, со кој што се справуваме. Како Влада презедовме итни мерки. Македонија во моментов има најевтино гориво во целиот регион, и нема никаков застој во снабдувањето, што не е случај со останати други држави. Скопскиот и охридскиот аеродром редовно функционираат, за разлика од други аеродроми. И приштинскиот аеродром исто така се снабдува преку македонските снабдувачи, што значи дека успеавме кризата да ја амортизраме онолку колку што беше можно, рече Николоски.

Како што појасни, за Скопје и за Охрид немаме проблем и најголем дел од авиокомпаниите ги користат овие аеродроми за да полнат гориво за дестинациите кои што ги определуваат од скопскиот или охридскиот аеродром, со цел да можат да продолжат кон другите дестинации.

– Имаме зголемена потрошувачка на керозин на двата аеродроми, што е добро затоа што тоа влегува и во прометот во државата, влегуваат девизи, а дополнително и аеродромот во Приштина се снабдува преку нас. Ние никогаш не ставивме блокада на снабдувањето, иако други држави тоа го прават. Доколку го направевме тоа, ќе требаше да се затвори аеродромот во Приштина. Со самото тоа што го правиме ова, јасно е дека состојбата е добра. Согласно закон, треба да има резерви за шеесет дена, ние имаме резерви на керозин за деведесет дена, а дополнително на дневна основа тоа се надополнува, така што снабдувањето оди редовно и затоа немаме ниту еден откажан лет од скопскиот и охридскиот аеродром, рече Николоски.

Дополнително, потенцира, имаме нови дестинации кои што се отвораат. Во летниот период почнува да се лета за Вроцлав и за Краков, како и редовната линија за Виена, а започна и линијата за Милано од охридскиот аеродром, додека од скопскиот имаме преку десет нови дестинации, така што состојбата е добра.

Клучни  проекти за развој на Пелагонискиот Регионот на кои што се работи,  како што наведе, се автопатот Прилеп-Битола, чија изградба се одвива со одлична динамика и по првите километри според ветувањето од изведувачот ќе се вози напролет следната година. Исто така и изградбата на делницата од Фариш до Прилеп, обиколницата за Битола на чие прокетирање веќе се работи и проектот за парно во оој град, како и гасификацијата помеѓу Прилеп и Битола. Со МЖ Инфаструктура, МЖ Транспорт, пак, информира дека, се работи во јуни да биде пуштен меѓуградски воз на релацијата Прилеп-Битола -Жабени со промотивна цена од 150 денари за повратна карта.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:амортизиравмегоривозастојКризатаНиколоскиснабдувањето
Претходен напис Diners Club ги менува правилата на играта: Пристигна Diners One, првата кредитна картичка со „нула денари“ членарина засекогаш
Следен напис На штипскиот Земјоделски факултет меѓународно советување „Агро-наука и пракса 2026“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?