Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е околу 0, 4 проценти, цената на лебот не е зголемена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е околу 0, 4 проценти, цената на лебот не е зголемена
Агровести

Мицкоски: Зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е околу 0, 4 проценти, цената на лебот не е зголемена

Објавено 15/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека по направените анализи, дојдено е до заклучок дека зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е приближно 0,4 проценти. Во однос на профитните маржи, тие, вели премиерот, се намалени. За лебот, Мицкоски рече дека таму нема зголемување на цената, туку дури и поевтинување, како и дека во разговорите со мелничарите било посочено цената на лебот да остане иста или да поевтини. 

– Анализиравме четири синџир-маркети и цени на 55 производи и врз основа на таа споредба што ја направивме на цените од 1 февруари и од 1 април дојдовме до заклучок дека зголемувањето на цените е приближно за 0,4 проценти кога ќе се споредат оние цени што ги затекнавме од 1 април со цените од 1 февруари. Од оваа анализа имаме некакви индикатори за одредени производи, кои ги зголемиле своите цени за неколку проценти, односно за двоцифрен број, да бидам попрецизен, тоа значи над 10 проценти. А кога станува збор за профитните маржи, можам да кажам дека тие се намалени во споредба со 1 февруари на 1 април – рече Мицкоски. 

Ако на 1 февруари, појасни тој, просечните профитни маржи биле нешто над 15 проценти, според нивните калкулации, сега се намалени под 15 отсто, а според дистрибутерите и маркетите, бројката била поинаква.

– Сега се под 15. Мислам дека се некаде околу 14,7 проценти, повторно ќе кажам, според нашата математика. Во моментот размислуваме како да дојдеме до поевтини цени за одредена група на производи, каде што имаме двоцифрен број проценти на зголемување и набргу ќе излеземе со таков став. Инаку, имаме и производи, кои, за волја на вистината, се и поевтинети. Споредувавме четири маркети. Јас не би кажувал сега детално за цените за тие маркети, но тие маркети се „Зур“, „Кипер“, „Кам“ и „Веро“ – рече Мицкоски. Според него, таа анализа е направена многу темелно.

Двоцифрениот раст на цените, според премиерот, е забележан кај зеленчукот, кај доматите, краставиците, кај јајцата… 

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, вели дека не би требало да почуствуваме поголем ценовен удар затоа што процентуалното учество на оној дел на кој се зголемени транспортните трошоци не ни дава право да сметаме дека ќе имаме огромен инфлаторен скок за следниот месец бидејќи влезот во крајната цена на транспортните трошоци наспроти зголемената цена на маргините на дизелот и на бензините не е така голема. – Зборуваме за еден до два проценти – рече Мицкоски, кој беше на промоција на возила за Македонска пошта.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЗголемувањетолеботМицкоскицените
Претходен напис (ВИДЕО) Под гробишта во Итака живеат 5,5 милиони пчели кои формирале огромен „подземен град“
Следен напис Утре променливо облачно време со дожд, стабилизација за викендот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?