Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Под гробишта во Итака живеат 5,5 милиони пчели кои формирале огромен „подземен град“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ВИДЕО) Под гробишта во Итака живеат 5,5 милиони пчели кои формирале огромен „подземен град“
Магазин

(ВИДЕО) Под гробишта во Итака живеат 5,5 милиони пчели кои формирале огромен „подземен град“

Објавено 15/04/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Она што започнало како обична прошетка на работа се претворило во едно од најзначајните ентомолошки откритија во последните децении. Гробиштата Ист Лоун во Итака се дом на повеќе од пет милиони солитарни пчели, што е три пати повеќе од бројот на жители на Менхетен на простор од само 1,5 хектари.

Рејчел Фордајс, техничарка во ентомолошката лабораторија на Универзитетот Корнел, забележала невообичаена активност на инсекти на гробиштата и земала примерок кој го однела кај својот шеф, професорот Брајан Данфорт. По детална анализа, идентификацијата потврдила дека се работи за видот Андрена („Andrena regularis“), познат како обична рударска пчела. Ова откритие објавено во научното списание Апидологија (Apidologie), ја потврдува тезата дека старите гробишта можат да претставуваат исклучително важни резервати на биодиверзитет. Според истражувачите, неколку значајни фактори придонесуваат гробиштата да бидат идеално живеалиште за пчелите кои се гнездат во почва. Меѓу нив се издвојува отсуството на пестициди, бидејќи одржувањето на просторот најчесто се врши без употреба на агресивни хемикалии. Дополнително, значајна улога има и мирната околина со минимално човечко движење и мало нарушување на почвата, како и песокливата структура на земјиштето, која овие пчели ја одбираат за копање тунели и создавање гнезда. Иако медоносните пчели се најпознати во јавноста, дивите солитарни пчели, како рударските пчели, имаат незаменлива улога во опрашувањето на голем број култури со висока економска вредност. Научниците нагласуваат дека нивното присуство е важно за стабилноста на екосистемите и земјоделското производство.

Професорот Брајан Данфорт нагласува дека резултатите од истражувањето покажуваат колку овие пчели се бројни и колку се значајни како опрашувачи, по што предупредува дека е неопходно да се препознаат и зачуваат ваквите природни жаришта на биодиверзитет. Оваа сорта пчели излегува од земјата рано напролет, токму во периодот на цветање на јаболката, една од најважните земјоделски култури во сојузната држава Њујорк. Во непосредна близина се наоѓаат овоштарниците на Универзитетот Корнел, кои им обезбедуваат изобилство од храна, додека гробиштата служат како безбедна и стабилна база за нивното гнездење.

Истражувањето раководено од студентот Стив Хог, открило прецизна динамика на ова „подземно општество“. Тимот користел специјални мрежести шатори со цел да ја следи густината на популацијата и времето на излегување на пчелите од земјата. Според резултатите, мажјаците се првите кои се појавуваат во април, веднаш штом температурите достигнат околу 21 степен, по што нивната улога е да ги чекаат женките за парење. Истовремено, истражувачите регистрирале и присуство на паразитски пчели од родот Номада, познати како „кукавички пчели“, кои ги полагаат своите јајца во гнездата на рударските пчели, каде нивните ларви се хранат со складираниот полен на домаќинот.

И покрај нивната огромна размноженост, овие подземни колонии се исклучително ранливи. Бидејќи гнездата се наоѓаат плитко под површината на земјата, секое асфалтирање, градежна интервенција или интензивна обработка на почвата може во многу краток рок да уништи милиони корисни инсекти. Истражувачкиот тим од Корнел започнал и поширока иницијатива, во која граѓаните се повикуваат да пријавуваат локации со слични масовни гнездења на пчели во почва, со цел нивна заштита и подобро научно разбирање. Според научниците, гробиштата Ист Лоун, основани во 1878 година, претставуваат јасен доказ дека соживотот меѓу човекот и природата може да опстои со децении и векови, доколку постои свесност за животот кој се крие под површината на земјата. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:5.5 милиони пчелигробиштаИтакаподземен град
Претходен напис Во РЕК Битола исклучен ТЕ Битола 3, денеска ќе биде вклучен ТЕ Битола 1
Следен напис Мицкоски: Зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е околу 0, 4 проценти, цената на лебот не е зголемена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?