Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европски искуства за Скопје 2028, средби, работилници и изложба во главниот град
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Европски искуства за Скопје 2028, средби, работилници и изложба во главниот град
Агровести

Европски искуства за Скопје 2028, средби, работилници и изложба во главниот град

Објавено 15/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претставници на локалните власти од Кемниц (Германија), Горица (Италија) и Нова Горица (Словенија) денеска ќе престојуваат во Скопје, каде заедно со Град Скопје ќе реализираат низа активности посветени на размена на искуства поврзани со титулата „Европска престолнина на културата“, која Скопје ќе ја носи во 2028 година.

Програмата започнува со состанок на високо ниво во Град Скопје, на кој градоначалниците и делегациите ќе дискутираат за можностите и предизвиците што ги носи организацијата на овој значаен европски културен настан.

По состанокот, предвидена е симболична прошетка низ централното градско подрачје, од мостот „Гоце Делчев“ до „Јуроп Хаус“ во Скопје.

Официјалното отворање на работната сесија ќе се одржи во „Јуроп Хаус“со воведни обраќања од вршителот на должноста амбасадор на Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, како и градоначалниците на Нова Горица и Горица – Само Турел и Родолфо Зиберна. Свое обраќање ќе има и претставничката од Кемниц-– Европската престолнина на културата, Џозефин Хаге.

По отворањето ќе се одржи техничка работилница, на која претставниците на Европските престолнини на културата за 2025 година ќе ги споделат своите искуства и добри практики со организацискиот тим „Скопје 2028“.

Посетата ќе биде заокружена со отворањето на изложбата „Инспирација“ во Музејот на Град Скопје, која содржи фотографии од Европските престолнини на културата за 2025 година. Изложбата ќе биде отворена за јавноста, бесплатно, од 15 до 26 април годинава.

МИА

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:Европски искустваработилнициСкопје 2028средби
Претходен напис Облачно со повремен локален дожд, температура до 23 степени
Следен напис САД велат дека блокадата на иранските пристаништа е целосно спроведена, трговијата е запрена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?