Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска: Силна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска: Силна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството
Агровести

Димитриеска-Кочоска: Силна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството

Објавено 14/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Силна, модерна и ефикасна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството – порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешниот настан по повод одбележувањето на 14 Април – Денот на Царинската управа. Оваа година се навршуваат 34 години од основањето на институцијата, а настанот се одржа во Филхармонијата.

Министерката во своето видеообраќање истакна дека Владата останува цврсто определена за модернизација и дигитализација на Царинската управа, како и за континуирано јакнење на нејзините институционални и човечки капацитети, со главна цел поефикасна наплата на буџетските приходи, олеснување на трговијата и создавање предвидлива и сигурна деловна средина.

Таа нагласи дека царинската служба има централна улога во спроведувањето на трговските политики, администрирањето на договорите за слободна трговија и заштитата на домашната економија, што ја прави еден од клучните столбови на системот на јавни финансии.

– Царинската служба има клучна улога во олеснувањето на трговијата, администрирањето на договорите за слободна трговија, унапредување и заштита на националната економија, наплата на буџетските приходи. Доброто функционирање на секоја царинска служба претставува посебен општествен и државен интерес и приоритет – истакна министерката.

Во услови на глобални економски и енергетски предизвици, министерката потенцира дека Владата презема навремени мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на стопанството и покрај нивното влијание врз буџетските приходи. Притоа, како што додаде таа, останува приоритет одржувањето на фискалната стабилност и обезбедувањето одржлив раст.

– Остануваме посветени на спроведување на реформите во секторот царина, како и во вложувањето и стручната поддршка на царинските работници и царината во целост. Само така ќе одговориме на новите предизвици што доаѓаат од брзата глобализација на трговијата и финансиските системи, кои наметнуваат нови очекувања во борбата против нелегалните финансиски текови, организираниот криминал и даночната евазија. Така ќе продолжиме да остваруваме резултати, кои во изминатиот период покажуваа раст на приходите при увоз и ќе изградиме систем во кој има доверба и бизнис-заедницата и граѓаните. Само заеднички можеме да придонесеме системот да биде здрав, да биде ефикасен и во функција на сите – додаде Димитриеска-Кочоска.

Министерката упати благодарност до сите вработени во Царинската управа за нивната професионалност, посветеност и придонес во изминатите 34 години, со порака дека токму човечкиот фактор е клучен за понатамошниот развој и успешното справување со предизвиците што ги носи современата економија.

Царинската управа

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Димитриеска-Кочосказаштитафинансии
Претходен напис Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар за литар
Следен напис Облачно со повремен локален дожд, температура до 23 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?