Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар за литар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар за литар
Агровести

Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар за литар

Објавено 14/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Максималната малопродажна цена на дизел-горивото од ноќеска на полноќ се намалува за 2,5 денари за литар, а бензините поевтинуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73 отсто.

Максималната малопродажна цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 95,5 денари за литар, цените на бензините „евросупоер БС-95“ и „евросупоер БС-98“ се намалуваат за 1,5 денар и ќе се продаваат за 82, односно 84 денари за литар, а цената на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,5 денари за литар и ќе биде 96,5 денари. Со одлуката на РКЕ за 2,084 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ и ќе изнесува 49,227 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,703 отсто, кај дизелот за 3,251, кај екстра-лесното масло за 3,96 и кај „мазутот“ за 4,476 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,7165 отсто.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 15.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени – велат од РКЕ.

Во најголем дел од бензинските станици во земјата дизел-горивото се продава за три денари пониско од максималната цена што ја определува РКЕ, а бензините за два. 

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:бензинитедизелот
Претходен напис МЕРМС: Усвоен националниот план за енергија и клима 2025 – 2030 – јасна визија за енергетската иднина на државата со фокус на одржливоста, иновациите и ЕУ-стандардите
Следен напис Димитриеска-Кочоска: Силна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?