Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Царинската управа поставува нови стандарди, над 12 милијарди денари приходи во еден месец
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Царинската управа поставува нови стандарди, над 12 милијарди денари приходи во еден месец
Агровести

Мицкоски: Царинската управа поставува нови стандарди, над 12 милијарди денари приходи во еден месец

Објавено 14/04/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење. Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност – нагласи премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан во Филхармонијата по повод одбележувањето 34 години постоење на Царинската управа.

– Денеска одбележуваме 34 години од постоењето на Царинската управа – институција што има клучна улога во функционирањето на државата, во заштитата на економијата и во обезбедувањето стабилни приходи за буџетот. Овој јубилеј е можност да се осврнеме на постигнатото, но уште повеќе да ги истакнеме резултатите што ги имаме денес. Во изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење. Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност – истакна премиерот.

Тој додаде дека особено значаен е фактот што првпат е надмината границата од 12 милијарди денари приходи во еден месец. Тоа е резултат што не доаѓа случајно, посочи премиерот, туку, како што рече, е производ на системски пристап, засилени контроли и подобра координација.

– Овие резултати се дел од пошироките напори на Владата, која веќе 20 месеци работи на воспоставување ред во институциите, на намалување на сивата економија и на зголемување на ефикасноста во наплатата на приходите. Кога ја презедовме одговорноста, не наследивме систем што функционира беспрекорно. Напротив – затекнавме состојба на хаос, нарушени процеси и сериозно ослабена институционална поставеност. Систем што со години бил запоставуван и руиниран – изјави премиерот.

Мицкоски рече дека денес со право може да се каже дека таа фаза е надмината.

– Нормализацијата е завршена. Поставен е ред, воспоставени се правила и институцијата повторно функционира како што треба – во служба на државата и граѓаните. Со конкретни мерки, со дигитализација на процесите и со јасна определба за борба против корупцијата создадовме систем што дава резултати. Царинската управа е еден од највидливите примери за тоа – нагласи Мицкоски.

Тој му се заблагодари на директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, за, како што истакна, неговото раководење, посветеноста и резултатите што ги постигнува институцијата под негово водство.

– Истовремено, важно е да се истакнат и одличната координација и заедничката работа со министерката за финансии, Гордана Кочоска-Димитриеска. Тоа партнерство, таа синергија, е еден од клучните фактори за постигнатите резултати. Кога институциите работат како тим, кога има заедничка визија и јасна цел – резултатите не изостануваат – истакна премиерот.

Мицкоски истакна дека целта е да се продолжи во оваа насока – со дополнително унапредување на капацитетите, со модернизација на системите и со создавање услови за побрза и поефикасна услуга за стопанството, но и со цврст пристап кон спречување на нелегалните активности.

– Зад овие резултати стои трудот на сите вработени во Царинската управа. Вашата работа е значајна и видлива, а придонесот што го давате е од суштинско значење за функционирањето на државата. Ви благодарам за вашата посветеност и професионалност. Нека овој јубилеј биде поттик за уште поголеми резултати во периодот што следува. Честит 34. јубилеј на Царинската управа – порача премиерот Мицкоски. 

Влада на Република Северна Македонија

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:МицкоскиприходистандардиЦаринската управа
Претходен напис Во ХЕ „Шпилје“ во првиот квартал произведени 109 гигават часови електрична енергија
Следен напис МЕРМС: Усвоен националниот план за енергија и клима 2025 – 2030 – јасна визија за енергетската иднина на државата со фокус на одржливоста, иновациите и ЕУ-стандардите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?