Денеска времето во државава ќе биде променливо облачно, додека во попладневните часови и во текот на ноќта, особено во западните предели ќе има услови за локален дожд.
Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно а ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови, и во текот на ноќта ќе има услови за локален краткотраен дожд. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 26 степени.
Утре ќе има повремен локален дожд, во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени. Потоа од недела, особено во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошен пораст.
Временската прогоноза ја подготви Славчо Попоски

