Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Без обединет бизнис и академска фела нема економски развој, порака на Азески
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Без обединет бизнис и академска фела нема економски развој, порака на Азески
Агровести

Без обединет бизнис и академска фела нема економски развој, порака на Азески

Објавено 09/04/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на посетата на Свети Николе, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, оствари работна посета и на Меѓународниот Славјански Универзитет каде оствари средба со претседателот на Управниот одбор, проф. д-р Јордан Ѓорчев, и декани и професори од универзитетот.

Претседателот Азески изрази задоволство од средбата и како што рече, овој Универзитет има големо значење бидејќи подолго време успешно функционира во мала општина. И ова треба да е пример и за другите региони во државата заради дисперзиран развој надвор од една локација, како што сега речиси сè е сконцентрирано во главниот град на државата.

На средбата помеѓу академската и бизнис-заедницата, се отвори дискусија и за новиот Закон за високо образование, кој според Азески е пример како во иднина треба да се креираат новите високообразовни кадри за потребите на бизнисот и конечно да се препознае потребата дека кадарот им е потребен на фабриките и на индустријата како основа на економската активност на секоја држава. На самиот Универзитет има воведени нови студиски програми кои ги нема на другите, како што се актуелните потреби за кадар, според новите општествени потреби и усогласеност со зелената агенда во делот на управување со отпад, безбедност и здравје при работа и заштита од пожари.    

Претседателот Азески упати апел, дека е клучно за високобразовните институции да го следат примерот на развојот на стручното средно образование, што значи заеднички во соработка со бизнис секторот и Стопанската комора, да иницираат креирање на студиски програми кои ќе нудат развој на релевантни вештини и ќе подготвуваат кадар кој ќе биде речиси подготвен за работа во самите компании, институции и сл. 

Ги повика претставниците на Универзитетот да иницираат дискусија и разговори, бидејќи како што рече претседателот на Комората, на Македонија ѝ фали расправа и разговор, а во овој период актуелниот премиер има интерес и капацитет за разговори и тоа треба да биде искористено за креирање мерки и активности во интерес на образованието, економијата и сл. 

Претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев, посочи дека реформата што се нуди со предлог Законот за високо образование треба да биде паралелно поддржана и со изработка стратегија за тоа каков високообразовен кадар е потребен во државата, да се даде акцент и важност и на приватните универзитети, кои доколку ги препознае бизнисот, може релевантно да опстојуваат на пазарот.

Суштината на средбата е преку дискусија на бизнисот и академската фела да се изнајдат модели студентите да се вклучат во практичната работа при студирањето во многу поголем обем од тоа што сега е практика, односно да се изнајдат нови идеи и можности во интерес на бизнисот и образовниот процес.

Ѓорчев предложи и приватните Универзитети да имаат можност да учествуваат во креирањето на законот според кој и делуваат во процесот во насока на почитување на трите принципи автономија, неприкосновеност и признавање на научните авторитети. Дополнително и да се овозможи Универзитетите да имаат самостојност во обезбедување средства од сопствени активности, со што ќе се растовари државниот буџет.

Ѓорчев, исто така, е претставник на Ерменската комора во Македонија и во таа улога со бизнисмените од регионот во присуство на претседателот Азески се отвори дискусија и за можностите за отворање нови пазари и посериозна соработка со пазарот во земјата.

Заблагодарувајќи му се на претседателот Азески за посетата, во знак на почит, Ѓорчев му подари уметничка слика од сопствената колекција на која работи како уметник.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Азескиакадемска фелабизнисекономски развој
Претходен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 09.04.2026 година
Следен напис Николоски: Македонија да се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?