Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бранко Азески: Неизвесноста постои, но сепак има надеж
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бранко Азески: Неизвесноста постои, но сепак има надеж
Агровести

Бранко Азески: Неизвесноста постои, но сепак има надеж

Објавено 06/04/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 1. Јавни набавки – Во постапките да се обезбеди примена на македонска референца (домашни компании). Особено во набавките кои се обезбедени и финансирани од јавниот буџет.

2. Јавно – приватно партнерство – Да се унапреди и позиционира на највисоко стратешко и институционално ниво.

3. Економска дипломатија – РСМ треба да се фокусира кон економскиот инпакт и кон придобивките за државата и бизнисот од економските активности.

4. Кадровска политика во јавниот сектор – Во именувањето на раководни лица во државните институции кои имаат влијание врз работењето на бизнис секторот, задолжително да биде консултирана бизнис-заедницата.

5. Финансиска дисциплина – Јавниот сектор да ги исполнува своите обврски кон компаниите на ист начин како што приватниот сектор редовно ги подмирува своите обврски кон државата.  

Бидејќи е јасно дека нашата земја не може да влијае врз глобалните процеси, а тие станаа редовна појава со влијание на целокупната светска економија (економска криза 2008 г., здравствена криза 2020 г., енергетска криза 2021 г., нафтена криза сега, 2026 г. ), мислам дека е погоден момент барем на домашен план да ги потсредиме работите. На тоа ни кажуваат и резултатите и бројките за првите два месеци од оваа година. Никогаш не сум се срамел да признаам дека сè што сум научил за почитување на различните мислења, владеење на правото, пазарната економија, сум научил од моите пријатели од Словенија. Во досегашната моја практика патиштата ми се вкрстиле со многу луѓе, меѓу нив и со многу политичари кои имале влијание врз економијата во нашата државата. Морам да кажам дека сите тие имале желба да помогнат во државата. И да надминат одредени состојби кои биле кочница за тој развој.

Изминатиов месец секојдневно сум меѓу бизнисмените било кај нив, било кај мене. Забележителна е нивната загриженост и постојна неизвесност. Но, неизбежни се и нивните прашања.

1. Има ли концепт Владата за справување со вака тежок предизвик?

2. Има ли Владата кадровски капацитет да излезе накрај со овој проблем?

3. Има ли меѓународната заедница доверба во Владата?

4. Има ли суета кај актуелниот премиер?

Преведно на јазикот на бизнисот тоа значи дека неизвесност постои, меѓутоа сè уште има надеж. 1. Дали Владата има концепт или не, секој може да процени сам. Моите сознанија се дека, Владата и премиерот упорно разговарат, разговараат и разговараат. Со сите субјекти кои што можат да помогнат во оваа ситуација. Меѓу другите, и со членките на Стопанската комора. 2. Кадровскиот капацитет е реален одраз на моќта на партијата и нејзиното искуство. Тоа најдобро ќе го покажат преломните моменти на кризата. 3. Јас мислам дека меѓународна поддршка има, меѓутоа и покрај тоа, мора сите да ги засукаме ракавите. Да ја зголемиме ангажираноста и да ги намалиме трошењата. 4. Мојата суета е поголема од суетата на професор д-р Христијан Мицкоски, претседател на Владата на РСМ.  

Сето ова не вреди ништо, ако јавно не кажам дека најголемата бизнис заедница во државата не направила некој потез со којшто покажува дека може да се надмине себеси. Тоа е ѓаволски тежок процес, бара многу мудрост и знаење. И затоа, сакам јавно да кажам дека трите најголеми бизнис заедници во Македонија ССК, СКСЗМ и СКСМ, потпишаа платформа за заедничко дејствување. И со тоа покажаа огромен капацитет за поддршка на државата во ваквите моменти. Тоа го очекуваме и од сите други субјекти, креатори на економските политики.  

П.С. Голема благодарност до Горан Ѓорѓиевски и Нухи Алиу кои ја прифатија мојата идеја да се здружиме околу една платформа и со тоа ги надминаа своите суети. Го охрабрувам премиерот и понатака секој ден да посетува по една фирма и секој месец да посетува по едно бизнис здружение. Упорноста и желбата за дијалог да останат негови најјаки каратеристики. Како што тоа го прави и до сега. Градежништвото, рударството, енергетиката, инвестициите и извозот да се имплементираат, а прашањата за администрацијата, дигитализацијата и елиминиање на корупцијата да се интензивираат.

И, ја поттикнуваме и ѝ подаваме рака на Владата за понатамошна искрена соработка. Се разбира, тоа важи и за опозицијата, академијата, универзитетите, невладините организации и медимите.   

СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:надежНеизвесностапостои
Претходен напис ЈП Водовод: Земените примероци од водата за пиење во Скопје ги исполнуваат барањата за безбедност и квалитет
Следен напис ЈУНП „Пелистер“ постави 40 мониторинг камери во националниот парк „Пелистер“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?