Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорката на АФПЗРР Даниела Иротова Лазарева, на средба со земјоделците од Демир Хисар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Директорката на АФПЗРР Даниела Иротова Лазарева, на средба со земјоделците од Демир Хисар
Агровести

Директорката на АФПЗРР Даниела Иротова Лазарева, на средба со земјоделците од Демир Хисар

Објавено 03/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, вчера во просториите на општина Демир Хисар, оствари средби со земјоделците, кои во најголем дел се производители на тутун.

Пред присутните истакна дека, по програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, само за Демир Хисар, испалтени се вкупно 94 371 748 денари, односно донесени се 4146 решенија за исплата.  

За 2025 година пак, до сега се испалтени вкупно 11 850 345 денари, односно доставени се за исплата 150 решенија.

Директорката Иротова Лазарева, на производителите на тутун од демирхисарско им потврди дека во наредниот период ќе следи исплатата на субвенциите во висина од над 62 000 000 денари.

На средбите со земјоделците, како дел од кампањата ,,Прашај ја Агенцијата,, и ,,Гласот што го слушаме –македонско најдобро,, на која се промовираат владините мерки за субвенционирање се и директорите на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, на Управата за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаревски, на Управа за водостопанство, Ромео Тренов, како и претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Вработените од АФПЗРР пак, одговорни за преглед на документацијата но и контрола на терен, на сите присутни кои имаат некаков спорен момент во врска со нивните апликации, директно во системот им ги проверуваат сите податоци, а проблемите ги решаваат на самата средба. Една апликација содржи документи од повеќе институции, кои земјоделците поради неинформираност ги немаат комплетирано или се погрешно поднесени, при што беа упатени како овие недостатоци да ги елиминираат се со цел државната помош да им биде исплатена.

АФПЗРР

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис УЈП: Од понеделник обуки за студентите поврзани со работата во странство преку програмата „Work and Travel“
Следен напис Повторно раст на цените на нафтата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?