Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истекува рокот за инвеститорите да поднесат иницијативи за изградба на енергетски објекти до општините
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Истекува рокот за инвеститорите да поднесат иницијативи за изградба на енергетски објекти до општините
Агровести

Истекува рокот за инвеститорите да поднесат иницијативи за изградба на енергетски објекти до општините

Објавено 01/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Рокот за поднесување иницијативи до единиците на локалната самоуправа за вклучување енергетски објекти со инсталирана моќност под 1 MW во општинските енергетски планови истекува денес, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Според Законот за енергетика и соодветниот правилник, општините се должни да ги разгледаат сите пристигнати иницијативи и да ги инкорпорираат во општинските енергетски планови, кои треба да ги достават до Министерството најдоцна до 15 мај 2026 година, за понатамошна постапка и издавање согласност.

Министерството потсетува дека рокот за поднесување иницијативи за енергетски објекти со инсталирана моќност еднаква или поголема од 1 MW, што се доставуваат директно до институцијата, е 1 јуни 2026 година.

– Министерството во изминатиот период активно работеше на зајакнување на капацитетите на општините за ефикасно спроведување на законската регулатива. Во таа насока, на 23 март 2026 година, во соработка со ЗЕЛС, беше реализирана обука за претставници од општините, на која беше презентиран Правилникот за формата, содржината и методологијата за изработка на општинскиот енергетски план, се наведува во соопштението на МЕРМС.

За време на обуката, стручните служби на Министерството дадоа насоки за примената на правилникот, одговорија на прашања и отворија дискусија за решавање на најчестите предизвици со кои локалните самоуправи се соочуваат при планирањето.

Министерството истакнува дека останува посветено на поддршка на општините и инвеститорите, со цел да се обезбеди транспарентен, ефикасен и одржлив процес на развој на енергетскиот сектор.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на: [email protected] и [email protected]. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:енергетскиИзградбаинвеститоритеИстекува рокот
Претходен напис Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 април
Следен напис ММФ за Народната банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?