Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска на средба со Стопанската комора: Заедно со реалниот сектор ги констатираме актуелните состојби со цел навремено да реагираме
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска на средба со Стопанската комора: Заедно со реалниот сектор ги констатираме актуелните состојби со цел навремено да реагираме
Агровести

Димитриеска-Кочоска на средба со Стопанската комора: Заедно со реалниот сектор ги констатираме актуелните состојби со цел навремено да реагираме

Објавено 31/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Неизвесностите од глобалното окружување и нивното негативно влијание врз македонската економија, тековните економски показатели и можните мерки коишто во иднина ќе треба да се преземат од страна на Владата, а се во интерес на приватниот сектор и одржување на економската активности, беа теми на состанокот на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и членови на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија.

-Ова е време на неизвесност и во такви услови сите засегнати страни треба да се обединат и да дадат свој придонес во надминување на состојбата. Владата во изминатиот период даде сериозна поддршка преку обезбедување средства за инвестиции по поволни услови, како и преку транспаретната и успешна постапка за  поврат на солидарниот данок кон компаниите. Оваа Влада останува посветена во поддршката на бизнис секторот, изјавила министерката и додаде дека мора да разговараме отворено за сите предизвици за да можеме да си помогнеме, соопшти Министерството за финансии.

На состанокот било оценето дека Владата има конструктивен однос со бизнис секторот и дека мерките што досега се преземени во однос на актуелната криза се навремени и дека во наредниот период зависно од развојот на состојбата треба да се донесат таргетирани мерки.

-Соработката со Владата ни е на високо ниво.  Изнесените ставови се заеднички проблеми на сите, а решение ќе изнајдеме ако сите партиципираме во нивното решавање. Стопанската комора ќе даде максимален придонес во надминување на состојбата и јавноста ќе ја увериме дека заеднички работиме во интерес на сите со цел да ја одржиме економијата и  за да ги надминеме овие непредвидени ситуации, изјавил Азески.

-Како еден од најважните заклучоци на средбата беше дека Стопанската комора до Министерството за финансии ќе достави предлог сет на таргетирани мерки коишто произлегуваат од потребите на реалниот сектор, а ќе бидат исклучиво во насока на надминување на предизвиците од глобалните случувања, соопшти МФ.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:азескиминистеркастопанска коморауправен
Претходен напис Војната со Иран ја зголеми стапката на инфлација во еврозоната во март на 2,5 отсто
Следен напис Бројот на овците е намален за 9.2 %, а за 18.5 % е зголемен бројот на свињите во споредба со минатата година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?