Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност
Агровести

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Објавено 30/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, со јасна подготвеност за справување со сите предизвици што произлегуваат од надворешните ризици“, истакна гувернерот д-р Трајко Славески во интервју за емисијата „Трилинг“. Тој посочи дека институцијата внимателно ги следи економските движења, особено во услови на зголемена светска неизвесност и засилени ризици од надворешното окружување.

Како главен предизвик го издвои неизвесното геополитичко опкружување и неговото потенцијално влијание врз економијата. Енергетските шокови веќе се одразуваат врз цените, особено кај нафтените деривати, со постепено прелевање и во останатите сектори, што создава ризици за инфлацијата.

Во вакви услови, Народната банка води претпазлива и внимателна монетарна политика, со постојано следење на состојбите и подготвеност за навремена реакција доколку се појават дополнителни инфлациски притисоци или други нарушувања.

Гувернерот посочи дека иако претходно постоеле услови за постепена нормализација, особено со оглед на намалувањето на инфлацијата којашто во февруари се спушти на 2,9%, новите светски ризици наметнуваат повнимателен пристап и будност во водењето на политиките.

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

Истовремено, стабилноста на домашната валута и солидното ниво на девизните резерви обезбедуваат дополнителна сигурност и можност за интервенција доколку е потребно.

Народна банка

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:банкарски системмонетарна политиканеизвесностСлавескиуслови
Претходен напис Зголемена реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун
Следен напис „Сликите на вкусот“ (Frames of Flavours) – конкурс за фотографи од регионот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?