Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Научно истражување: Цвеќињата имаат „биолошки часовник“, усогласен со потребите на инсектите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Научно истражување: Цвеќињата имаат „биолошки часовник“, усогласен со потребите на инсектите
Магазин

Научно истражување: Цвеќињата имаат „биолошки часовник“, усогласен со потребите на инсектите

Објавено 30/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Според научници од Република Кореја цвеќињата имаат „биолошки часовник“ кој го регулира времето на отворање на цветовите и ослободување на мирисот во согласност со потребите на инсектите“, пренесува онлајн порталот Физ.

Грамофончињата што се отвораат наутро и цвеќињата што испуштаат мирис во текот на ноќта изгледа како да знаат колку е часот. Научниците од корејскиот институт за напредни науки и технологии (КАИСТ) го откриле на молекуларно ниво механизмот на дејствување на „биолошкиот часовник“, усогласен со однесувањето на инсектите. Ваквото истражување, објавено во списанието „Д Плант сел“ („The Plant Cell“), нуди потенцијални примени на технологиите за контрола на времето на цветање и ослободување на мирис. Истражувачкиот тим, предводен од професорот Сан-Гју Ким, открил дека гените регулирани од биолошкиот часовник на растенијата комплексно го контролираат и времето на отворање на цветовите и циркадниот ритам на ослободување на мирис.

Познато е дека растенијата имаат физиолошки процеси регулирани од „биолошкиот часовник“, кој им овозможува да го перципираат времето според дневниот циклус. Сепак, точниот процес преку кој цветовите се отвораат и како тој е поврзан со гените на биолошкиот часовник досега не е целосно разјаснет. За потребите на истражувањето научниците користеле „Nicotiana attenuata“ (вид тутун) кој потекнува од пустинските региони на Јута, САД, а ова растение ги отвора своите цветови и испушта мирис во текот на ноќта за да привлече ноќни опрашувачи.

Инспириран од ваквите појави, биологот Карл Линеј ја предложил идејата за „цветен часовник“, претпоставувајќи дека ако растенијата што ги отвораат и затвораат цветовите во различно време се соберат на едно место, може да се одреди часот само врз основа на нивната состојба на цветање. Претходните истражувања главно се насочиле на анализа на промените во генетската експресија поврзани со развојот на цветовите. Меѓутоа, студиите што директно го идентификуваат феноменот на отворање на цветовите и гените што го контролираат биле ограничени.

Авторите на ова истражување анализирале мутирани растенија со изменети гени на биолошкиот часовник и, преку молекуларно-биолошки процеси, проучиле како се регулираат отворањето на цветовите и ослободувањето на мирис. Истражувачите потврдиле дека специфични гени на биолошкиот часовник имаат главна улога во контролирањето, како и во моментот на отворањето на цветовите, но и во ритамот на ослободување на мирисот. Ова покажува дека растенијата прецизно го користат својот биолошки часовник за да ги отвораат цветовите и да привлекуваат опрашувачи во најповолните моменти за опстанок и размножување. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:инсектитенаучно истражувањеЦвеќињата
Претходен напис Цените на нафтата пораснаа на повеќе од 115 долари за барел
Следен напис Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?