Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП најави офанзива против сивата економија, над 6 400 активни фирми работат без фискални апарати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП најави офанзива против сивата економија, над 6 400 активни фирми работат без фискални апарати
Агровести

УЈП најави офанзива против сивата економија, над 6 400 активни фирми работат без фискални апарати

Објавено 29/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како дел од активностите за сузбивање на сивата економија, Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилена акција насочена кон деловните субјекти кои работат надвор од фискалниот систем. Согласно нивната официјална евиденција, дури 6 451 даночен обврзник кој е деловно активен и има вработени, воопшто не поседува регистриран фискален систем.

Претежно, станува збор за бизниси во сферата на трговијата на големо и мало, подготовка и служење храна, туристичките агенции, како и правните и сметководствените дејности каде редовно се работи со готовина. Од УЈП велат дека сомнежите за избегнување на даночните обврски се уште поголеми ако се земе предвид фактот дека 3 115 од овие субјекти се регистрирани и за целите на ДДВ, што е јасен индикатор за редовна деловна активност.

УЈП има детектирано дополнителни 13 966 даночни обврзници во истите дејности кои исто така немаат фискални уреди и информираат дека за оваа група ќе следуваат детални теренски проверки, вкрстување на податоците и активирање на други контролни механизми за да се утврди дали овие фирми реално остваруваат скриен промет без да плаќаат даноци кон државата.

„Доколку се утврди дека субјектите вршат дејност, но не го пријавуваат прометот и не пресметуваат и плаќаат даноци, покрај прекршочни, ќе бидат покренати и соодветни кривични постапки согласно закон“,велат од УЈП.

Од УЈП се децидни дека непочитувањето на Законот за регистрирање на готовинските плаќања ќе биде строго санкционирано и дека дооколку се утврди оти субјектите вршат дејност и намерно го кријат прометот, покрај високите прекршочни глоби и мерката запечатување на објектите, ќе бидат покренати и соодветни кривични постапки.

„Ги повикуваме сите даночни обврзници кои вршат промет на добра и услуги со готовинско плаќање, а немаат воведено и регистрирано фискален систем на опрема, да преземат итни активности за доброволна усогласеност и да извршат набавка, инсталација и регистрација на фискален апарат преку овластен оператор и согласно постапката утврдена од Управата за јавни приходи. Ќе го следиме усогласувањето и ќе преземеме мерки во насока на целосно и задолжително исполнување на законските обврски“,изјавија од УЈП.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:апаратиујпфирми
Претходен напис Облачно со врнежи во источните делови
Следен напис Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?