Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мизо: Странските инвеститори засега немаат драстично намалување на нарачките, но ризици постојат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мизо: Странските инвеститори засега немаат драстично намалување на нарачките, но ризици постојат
Агровести

Мизо: Странските инвеститори засега немаат драстично намалување на нарачките, но ризици постојат

Објавено 27/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Странските инвеститори во земјата засега немаат драстично намалување на нарачките поради случувањата на Блискиот Исток иако укажуваат дека проблем не е само цената на горива, туку постојат ризици од разни аспекти, кои може да се рефлектираат како недостиг на горива, керозин, алуминиум…

– Сè уште немаме видливо директно намалување, иако на неделно ниво понекогаш постојат мали флуктуации на нарачките. Драстично намалување сè уште не постои бидејќи има несигурност и сите чекаат да видат што ќе се случи. Ситуацијата е флуидна, но не можам да кажам директно дали и во колкав обем ќе има влијание со нашите клиенти,- изјави денеска Виктор Мизо, претседател на Советот на странските инвеститори.

Кризата, вели Мизо, ги погодува сите, без разлика каде се наоѓаат. Она што треба да се направи, додава тој, е да се искористи моментот и да се најдат можности да се биде поконкурентен од сестринските фирми. 

– Ова е глобален проблем. Не е важно дали сме лоцирани во Македонија или нашиот конкурент е лоциран во која било друга држава, така што зголемените трошоци за енергенти, петрохемиски материјали или репроматеријали ќе се рефлектираат на ист начин. Ова значи ќе биде погодена индустријата глобално и потенцијалното намалување на побарувачка ќе се одрази на сите места и потоа можеби ние на кој начин можеме да ја креираме можноста да бидеме поконкурентни од нашите сестрински компании во Европа и намалувањето во Македонија да биде помало отколку на друга алтернативна локација. Секоја криза треба да се земе предвид, дури и ако помалку се намалите од вашата конкуренција, пак сте подобри – вели Мизо. 

Само во деновите од блокадата на транспортерите, транспортните трошоци на странските компании, како што посочи Мизо, се движеле од неколку илјади евра до неколку миилиони евра од компанија поради тоа што некои од компаните морало да се снаоѓаат и со авионски летови да ги пренесуваат своите производи. 

– Компаниите ќе ви кажат – ако не можете да ги проголтате тие трошоци, најдете алтернативна локација за производство, која не е лоцирана во Западен Балкан. Ако кој било од нас треба да го однесе производството во која било од нашите сестрински компании во Европската Унија, тоа значи дека нема повторно да се врати, така што тоа е ризик – нагласува Мизо. 

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:драстично намалувањеинвеститориМизонарачките
Претходен напис Божиновска – Ју: Модернизацијата во енергетиката и зелената транзиција клучни за енергетска одржливост
Следен напис Незири од Задруга Шари: Со добри вести од Платежна агенција – набрзо исплата на субвенции за овчарство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?