Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пуштена во употреба новата трафостаница „Централна“ во Скопје по повод 20-годишнината на ЕВН
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пуштена во употреба новата трафостаница „Централна“ во Скопје по повод 20-годишнината на ЕВН
Агровести

Пуштена во употреба новата трафостаница „Централна“ во Скопје по повод 20-годишнината на ЕВН

Објавено 27/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По повод одбележувањето 20 години постоење на ЕВН, посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура, денеска во Скопје беше пуштена во функција новата трафостаница „Централна“. Инфраструктурниот објект, во чија изградба се инвестирани 11 милиони евра, претставува стратешка инвестиција за стабилно електроснабдување на централното градско подрачје и решавање на растечките енергетски потреби.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во своето обраќање нагласи дека овој објект е клучна алка во енергетскиот систем на главниот град.

– Со голема гордост ја отвораме трафостаницата „Централна“. Проект кој не е само инфраструктурен објект, туку претставува клучна алка во стабилното електроснабдување на централното градско подрачје и стратешка инвестиција во сигурноста и стабилноста на енергетскиот систем на градот Скопје. Со својата инсталирана моќност од 120 мегавати, оваа трафостаница е поставена токму таму каде што најмногу беше потребна – во зона со интензивен урбан развој, нови потрошувачи и мрежа која веќе го достигнуваше својот максимум – истакна Божиновска.

Постојните трафостаници во овој дел од градот таа посочи дека се изградени пред повеќе од четири децении и одамна го надминуваат капацитетот за кој биле проектирани. Со пуштањето во употреба на овој објект Божиновска рече се надминува тесното грло во системот и се поставува нова референтна точка за квалитет, во чија реализација биле вклучени над 30 компании.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски посочи дека реализацијата на ваков комплексен проект во центарот на градот претставува вистинско архитектонско достигнување, кое наложувало огромна координација помеѓу Владата и компанијата.

– Изведувањето на овој проект во срцето на градот, би рекол, е на раб на уметност имајќи предвид дека ова што се гледа и што можеме сите да го увидиме е само дел, а главното е она што не се гледа – подземната инфраструктура, што навистина беше заедничка работа на Владата и на ЕВН сето ова да изгледа како што изгледа. Во срцето на градот, сместено помеѓу дипломатски претставништва, помеѓу значајни објекти, да се изведе овој објект е навистина архитектонско достигнување и би сакал да им честитам на сите што беа вклучени и да им се заблагодарам на сите што помагаа – рече Николоски.

Потенцира дека владината политика е насочена кон поддршка на енергетската транзиција посочувајќи дека државата е позиционирана како лидер во регионот преку иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за интегриран и обединет регионален пристап.

Австрискиот амбасадор во земјата, Мартин Памер, изрази задоволство од досегашната соработка апострофирајќи ја улогата на ЕВН како најзначајна австриска инвестиција, која придонесува кон евроинтеграцискиот процес на македонската економија.

– Отворањето на оваа трафостаница „Централна“ е знак за успех, знак за добра соработка во Северна Македонија. Дозволете најнапред да ѝ честитам на „ЕВН Македонија“ за 20 години успешно присуство во Северна Македонија и за одличната соработка со македонските институции, особено со министерката за енергетика Сања Божиновска и премиерот, господин Христијан Мицкоски. Енергетиката е една од областите со висок потенцијал за Северна Македонија, а ЕВН е двигател на модернизацијата во овој сектор обезбедувајќи сигурна енергија за граѓаните – истакна Памер.

Амбасадорот најави дека австрискиот бизнис е подготвен дополнително да придонесе во државата и информира дека кон средината на април премиерот Мицкоски ќе престојува во Виена, што, според него, ќе претставува уште еден чекор кон интензивирање на билатералната соработка на сите нивоа. 

МИА

Може да ви се допадне

Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Таг:ЕВНСкопјетрафостаницаЦентрална
Претходен напис Список со положени кандидати од областа на фитофармација
Следен напис Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика го усвои предлог-финансискиот план на РКЕ за 2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?