Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: В недела часовниците се поместуваат еден час напред
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > В недела часовниците се поместуваат еден час напред
Агровести

В недела часовниците се поместуваат еден час напред

Објавено 27/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нa 29 март, в недела наутро, точно во 2 часот, стрелките на часовникот се поместуваат на 3 часот. Во тој миг, имаме еден час помалку за сон од нашиот викенд.

Правилото е едноставно: Додека наесен стрелките одат еден час наназад, напролет стрелките од часовникот ги поместуваме еден час напред. Со други зборови, се движиме кон летото и подолгите денови… Но, за разлика од некои луѓе, повеќето паметни телефони и часовници автоматски ќе се приспособат на новото време.

Совет: Проверете ги уредите што немаат таква опција.

Зошто оваа промена е толку тешка?

Можеби чудно што само еден час предизвикува проблеми за телото, но човековото тело не е „програмирано“ за моментни временски промени. Во средиштето на сѐ тоа е циркадијалниот ритам – телесниот „внатрешен“ биолошки часовник којшто одлучува кога човекот е буден, кога се чувствува поспано, како и за бројни други процеси во телото. И, одеднаш, тој внатрешен часовник се наоѓа вон чекор со времето.

Затоа, првиот понеделник по промената, многумина се будат поуморни од вообичаеното, попоспани, помалку сосредоточени и воопшто – со поинакво расположение.

Зошто воопшто има правило и налог да се поместуваат стрелките на часовникот? Идејата за приспособување на времето е од периодот на Првата светска војна. Германија е меѓу првите што вовела летно сметање на времето, со цел да се заштеди енергија и да се намали потрошувачката на јаглен.

Меѓутоа, многумина познавачи денес веруваат дека менувањето на стрелките носи повеќе непријатности отколку полза, бидејќи во современиот свет, заштедата на енергија не е значајна, според многумина – користа е многу мала, додека луѓето сè повеќе се жалат на нарушувања на спиењето и дневните рутини.

Сепак, практиката сè уште постои во голем број држави во светот, вклучувајќи ја и нашата.

Според експертите, има неколку едноставни трикови што може да му помогнат на телото полесно да се приспособи на новиот ритам. Во таа смисла, првиот совет гласи: Постепено поместете го своето време за спиење наназад.

Тоа значи да не се чека саботната вечер, туку луѓето да се обидат да си легнат 15 – 20 минути порано од вообичаеното уште в петок. Ова ќе му олесни на телото да ја прифати промената.

Искористете ја природната светлина!

Стручњаците, исто така, велат дека дневната светлина веднаш треба да се пушти во спалната соба. Сончевата светлост наутро и преку целиот ден му помага на телото побрзо да се приспособи на новиот ритам.

Следниот совет: Веднаш при будењето, да се испие чаша вода – по можност млака, со лимон. Кафето следи отпосле. Водата му помага на телото побрзо да се разбуди и полесно да го започне денот.

Искористете ја неделата за одмор. Денот кога се поместува времето не е за напорни обврски. Тој неделен ден треба да се помине што е можно помирно, без стрес и без многу обврски.

Добрата страна на промената на времето

Иако се губи еден час за спиење, промената на часовникот има и голема предност – подолгиот ден и поголемото количество светлина во вечерните часови, според познавачите. Имено, по работните часови, ќе има повеќе време за прошетки, дружење, престој надвор в природа и уживање во пролетното време. Сонцето ќе зајде подоцна, па и вечерта ќе биде потопла и попријатна…

Затоа, и покрај почетниот замор, телото ќе ги почувствува и подолгите денови, поголемата Сончева енергија и вистинското чувство дека пролетта е тука.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еден часнапреднеделачасовниците
Претходен напис Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ продолжува во Опила и Псача
Следен напис Нето надворешниот долг на крајот на минатата година 27,1 процент од БДП
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?