Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 19.03.2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 19.03.2026 година
Агропрогноза

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 19.03.2026 година

Објавено 26/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатава седмица имавме променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Овие временски услови беа добредојдени за изведување на работи во поле.

Денес ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m² ), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Врнежите од дожд ќе допринесат за зголемување на влагата во почвата, која е потребна во овој период за успешно навлегување на посевите во период на пролетен развој, како и потребната влага која е потребна за пролетната подготовка на почвата за садење на одредени култури. Успехот во растителното производство во голема мера зависи од количината на врнежи во вегетациониот период од март до октомври т.е . за време на активната вегетација на културните растенија. Обезбеденоста со вода е многу важен услов за нормален раст и развој кај сите култури, кај житните култури, кај виновата лоза, кај овошните видови, водата е особено значајна за крошните и гранките. Исто така и есенските посеви продолжуваат со развој за што им е потребна висока влага. Појавата на врнежи од дожд е од големо значење, кој го одржува на исто ниво пролетното будење на овошките, што е поволно во овој период од годината.

Доколку почвените услови тоа го дозволуваат земјоделците може да отпочнат или продолжат со изведување на работи во поле, прихранувањето на есенските култури, припрема на почвата за сеидба на раните пролетни култури, садење на одредени рано градинарски култури, пресадувањето на нови лози на празните места како и други земјоделски активности.

Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -3°C на повисоките места, до 6°C, а максималната температура ќе се движи во интервал од 7°C до 16°C.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

Маврови Анови со најмногу дожд во изминатите 24 часа, денеска се очекува невреме низ земјава
Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Таг:агрометеоролошка прогнозаземјоделските културисостојба
Претходен напис Снег и хаос во Хрватска, камиони блокирани на пат кон морето
Следен напис По неколку години, потпишан Колективниот договор, следува етапно зголемување на платите и подобри услови за вработените
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?