Разладувањето на атмосферата, подпросечните дневни температури и малите врнежи од дожд беа главна одлика и главна причина за успорување на процесите кај земјоделските култури во изминатата седмица.
Таквото време за жал ќе продолжи и во текот на наредната седмица, со поголеми услови за нестабилност особено попладне кои можат да предизвикаат и појава на град и да причинат штети кај културите.
Ваквото разладување не е погодно за расадените култури на отворено од областа на градинарството и кај тутунопроизводството, но и кај оризопроизводството каде повисоки температури се потребни за непречено поникнување на оризот.
Вакви временски услови во овој период на интензивен развој на пчелните семејства не им се во прилог, и кај истите ќе се забележи застој, баш заради подолгиот период со вакви неповолни временски и температурни услови.
Извор – Агрометео
