Општина Валандово ги стави во функција агрометеоролошките станици во Валандово, Пирава и Удово, со што се опфаќа најголемиот дел од земјоделските површини во општината.
Ова е конкретен резултат на пристапот со кој Општината вложува во современи решенија и директна поддршка за земјоделците. Наместо земјоделците да се потпираат само на сопствената интуиција при носењето одлуки, сега на располагање се точни и навремени податоци од терен.
Преку апликацијата AgroVeda, земјоделците ќе имаат пристап до клучни агрометеоролошки параметри, со што полесно ќе го планираат производството и ќе носат подобри одлуки во вистински момент.
Општина Валандово и во следниот период ќе продолжи со активности што носат практична корист за земјоделците, а ќе бидат организирани и презентации на кои детално ќе бидат претставени можностите и начинот на користење на апликацијата.
