Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ОН предупредуваат: Климатската криза се продлабочува поради растечки енергетски дисбаланс
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ОН предупредуваат: Климатската криза се продлабочува поради растечки енергетски дисбаланс
Агровести

ОН предупредуваат: Климатската криза се продлабочува поради растечки енергетски дисбаланс

Објавено 23/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Состојбата на глобалната клима не остава многу простор за оптимизам, со оглед дека клучните индикатори продолжуваат да се влошуваат, предупреди Светската метеоролошка организација (СМО) во извештај објавен денеска.

Според извештајот за состојбата на климата во 2025 година, дисбалансот меѓу енергијата што Земјата ја прима од Сонцето и онаа што ја враќа назад во Вселената забрзано се зголемува.

Температурите продолжуваат да растат, океаните се загреваат, мразот и глечерите се топат, а концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата достигнува сè повисоки нивоа.

– Не може да се негира дека овие показатели не се движат во насока што нуди многу надеж – изјави заменичката генерален директор на СМО, Ко Барет.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ја оцени ситуацијата како вонредна, предупредувајќи дека „планетата Земја се турка надвор од своите граници“.

СМО потврди дека периодот од 2015 до 2025 година е најтоплиот 11-годишен интервал откако се вршат мерења.

Минатата година била втората или третата најтопла година досега, со просечна температура од 1,43 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа, додека 2024 година била уште потопла – околу 1,55 степени.

Парискиот договор за климата има за цел да го ограничи порастот на глобалната просечна температура на 1,5 степени Целзиусови, за да се избегнат најтешките последици од климатските промени.

СМО, која ги анализира научните податоци од целиот свет, во извештајот ги сумира клучните показатели како температурите, топењето на мразот, емисиите на стакленички гасови и други фактори.

По првпат, организацијата го истакнува енергетскиот дисбаланс на Земјата како клучен индикатор. Во стабилен климатски систем, енергијата што планетата ја апсорбира од Сонцето би требало да биде избалансирана со енергијата што ја зрачи назад во вселената.

Меѓутоа, концентрацијата на стакленички гасови создадени од човекот достигна нивоа невидени најмалку 800.000 години, што ја намалува способноста на планетата да ослободува топлина.

Повеќе од 91 процент од вишокот енергија се акумулира во океаните, наведува СМО, додавајќи дека стапката на нивното загревање повеќе од двојно се зголемила меѓу периодите 1960–2005 и 2005–2025 година. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:енергетски дисбалансКлиматската кризаОН предупредуваатпродлабочува
Претходен напис Мицкоски: Владата донесе одлука за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, се спречува енормниот скок
Следен напис На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?