Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонија се доближува до европскиот просек на произведена струја од обновливи извори на енергија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонија се доближува до европскиот просек на произведена струја од обновливи извори на енергија
Агровести

Македонија се доближува до европскиот просек на произведена струја од обновливи извори на енергија

Објавено 20/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Европската Унија лани 47,3 проценти од вкупно произведената електричната енергија е од обновливи извори на енергија (ОИЕ), а Македонија се доближува до овој просек, дури можеби и го надминува.

Според Министерството за енегетика, рударство и минерални суровини, се уште нема збирен официјален податок за произведената електрична енергија кај нас од ОИЕ во 2025 година, но проценката е дека има зголемување од 12 до 15 отсто во споредба со 2024 година кога 41,03 отсто од вкупно произведената струја беше од ОИЕ.

Најголем дел од обновливата енергија во 2024 година во земјава е произведена во фотоволтаичните централи по што следуваат хидроцентралите, малите хидроцентрали и ветерните електрани. Од вкупно произведената струја 38,43 отсто е произведена во термоцентралите на АД ЕСМ по што следи ТЕ-ТО со 20,54 проценти,  фотоволтаичните централи со 18,08, хидроцентралите со 13,91, малите хдроцентрали со 5,02 и ветерните електрани со 3,16 проценти.

Северна Македонија заедно со Грција и Бугарија работи на изградба на терминал за течен природен гас во Александруполис, со што ќе се обезбеди дополнителна диверзификација на снабдувањето со г

Според податоците на Еуростат, лани во ЕУ 47,3 проценти од електричната енергија е произведена од обновливи извори на енергија што е за 0,1 отсто повеќе отколку во 2024 година. Примарен извор на обновлива енергија во ЕУ е ветерот со учество од 37,5 проценти, на второ место е сончевата енергија со 27,5, по што следуваат хидроенергијата со 25,9, биомасата со 8,5 и геотермалните и други извори на енергија со 0,5 отсто. Сончевата енергија е најбрзорастечки извор со зголемување од 24,6 отсто во 2025 година, додека производството на електрична енергија од хидроенергија се намали за 11,8 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак, учеството на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија во 2024 година во изнесува 39,4 отсто, а во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 35,4 проценти. Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата изнесува 1 727 киловат часови по жител на годишно ниво.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:европскиот просекмакедонијаобновливи изворипроизведена струја
Претходен напис Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ продолжува во Росоман
Следен напис Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?