Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Казна за правните лица доколку не достават податоци за промени на запишаната состојба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Казна за правните лица доколку не достават податоци за промени на запишаната состојба
Агровести

Казна за правните лица доколку не достават податоци за промени на запишаната состојба

Објавено 19/03/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно Член 164 од ЗЗРР (Службен Весник на Р. Македонија бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/2016, 163/2016, 74/2017, 83/2018 и 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/2019, 244/2019, 275/2019, 110/2021, 123/2022, 65/2023 и 218/2024)

(1) Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, ако:

– не ја пријави промената согласно со членот 15 став (6) од овој закон. Употребата на ИДБР е задолжителна во сите регистри формирани согласно со закон

– не ги достави податоците согласно со членот 60 став (1) од овој закон. Кога заради остварување на правото на земјоделските стопанства на директни плаќања се неопходни податоците од правните лица од членот 59 став (1) на овој закон, истите се должни да ги достават податоците во рокот утврден во актот од членот 47 став (6) на овој закон.

 – не ја пријави промената согласно со членот 120 став (3) од овој закон,

(2) Покрај податоците од ставот (1) на овој член во Регистарот задолжително се впишуваат сите промени на запишаната состојба.

(3) За промените од ставот (2) на овој член, организацијата на производители и групата на производители се должни да го известат Министерството во рок од 15 дена од денот на настанувањето на промената.

– не достави извештај за остварување на планот на признавање согласно со членот 127 ставови (2) и (3) од овој закон, (2) Групата на производители е должна да достави до Министерството извештај за остварување на планот за признавање, кој особено содржи финансиски показатели за работењето врз основа на билансот на состојба и билансот на успех.

(3) Извештајот од ставот (2) на овој член се доставува секоја година, но не подоцна од 31 март во тековната година за претходната година.

 – не ја чува документацијата и доказниот материјал за работењето согласно со членот 129 од овој закон,

Организацијата на производители мора да ја чува целокупната документација и доказниот материјал за работењето, особено во врска со исполнувањето на условите за признавање, податоците за членовите, оперативниот план и документацијата за користена финансиска поддршка за времето кога била признаена, најмалку пет години по одземањето на признавањето.

 – ги користи средствата од оперативниот фонд спротивно на членот 131 став (2) од овој закон,

Оперативните фондови се користат исклучиво за финансирање на одобрените оперативни програми од членот 136 на овој закон.

 – го управува оперативниот фонд на начин кој не овозможува на надворешни независни ревизори идентификација, проверка и потврдување на годишните трошоци и приходи (член 131 став (3)

Управувањето со оперативниот фонд организациите на производители се должни да го вршат на начин кој овозможува на надворешните независни ревизори, идентификација, проверка и потврдување на годишните трошоци и приходи.

– не достави годишен извештај за спроведување на оперативната програма (член 139).

 Организацијата на производители е должна да достави до Министерството и до Агенцијата годишен извештај за спроведувањето на оперативната програма од членот 136 на овој закон.

(2) Извештајот од ставот (1) на овој член особено содржи:

– оперативната програма која е спроведена во претходната година,

– значајни измени и дополнувања на оперативната програма и

– разлика меѓу остварената финансиска поддршка и финансиската поддршка која е побарана.

(3) За секоја спроведена оперативна програма годишниот извештај треба да укаже на:

– постигнувањата и резултатите од оперативната програма засновани на индикаторите утврдени со националната стратегија од членот 130 на овој закон и

– преглед на главните проблеми кои произлегуваат при управувањето со оперативната програма и секоја мерка преземена за обезбедување на квалитетот и ефективноста во спроведувањето на оперативната програма.

(4) Во последната година од примената на оперативната програма, организацијата на производители наместо годишен извештај доставува завршен извештај за спроведување на оперативната програма.

(5) Завршниот извештај од ставот (4) на овој член содржи податоци за:

– степенот на остварување на целите утврдени во оперативните програми и

– промените на активностите и/или методите и факторите кои придонеле за успехот или неуспехот на спроведувањето на оперативната програма кои ќе се земат предвид при изготвувањето на следните програми, или кога тековните оперативни програми ќе се менуваат.

(6) Доколку организацијата на производители не постапува согласно со одредбите од ставовите (1), (2), (3), (4) и (5) на овој член и не ги доставува бараните извештаи или истите се утврдат како несоодветни, Агенцијата нема да ја изврши исплатата на оперативната програма за наредната година.

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член.

(3) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на одделна дејност во траење до 30 дена.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:казниподатоциправните лицапроменисостојба
Претходен напис Молдавија успешно ги заврши реформите и доби пари од ЕУ
Следен напис Зошто не треба да го фрлате белиот дел од портокалот: Нутриционистите ја откриваат вистината
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?