(1) Министерот со решение ги брише регистрираните откупувачи од Регистарот од членот 33 на овој закон во следниве случаи:
– по писмено барање од органот на управување на регистрираниот откупувач,
– при објавување на ликвидација или отворена стечајна постапка,
– доколку се утврди дека откупувачот е регистриран врз основа на неточни податоци и Службен весник на Република Северна Македонија
– кога ќе престане да ги исполнува условите од членот 31 на овој закон.
(2) Против решението од ставот (1) на овој член откупувачот може во рок од 15 дена од денот на приемот на истото да изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
(3) По правосилноста на решението од ставот (1) на овој член откупувачот се брише од Регистарот на откупувачи.
