Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците најавуваат зголемување на цените, Министерството за земјоделство ја следи состојбата и ако има потреба ќе реагира со конкретни мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците најавуваат зголемување на цените, Министерството за земјоделство ја следи состојбата и ако има потреба ќе реагира со конкретни мерки
Агровести

Земјоделците најавуваат зголемување на цените, Министерството за земјоделство ја следи состојбата и ако има потреба ќе реагира со конкретни мерки

Објавено 18/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците очекуваат зголемување на цените на земјоделските производи со оглед на тоа што најголем дел од репроматеријалите се набавуваат од Блискиот Исток. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека ја следат состојбата и доколку има потреба, ќе реагираат. 

Претседателот на Националната федерација на фармери Стеванче Јорданоски пред денешното Годишно собрание на Федерацијата изрази надеж дека ресорното Министерство навреме ќе преземе мерки и ќе се активира т.н. кризен фонд со цел да се ублажат последиците од кризата. 

– Со моменталното случување во светот и војната која никој не ја посакува се случија големи турбуленции на берзите на нафта, а и сите репроматеријали и ѓубрива доаѓат од тој регион. Очекуваме големи зголемувања на цените и во малопродажба. Државата односно Министерството за земјоделство треба навреме да преземе мерки како што е активирање на т.н. кризен фонд за да излезе во пресрет при набавката на репроматеријалите односно ѓубривата, рече Јорданоски. 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски вели дека состојбата се следи секојдневно и ако има потреба, ќе интервенираат со соодветни чекори. 

– Она што е важно во делот на цената на ѓубривата и на нафтените деривати, е дека како Министерство ги следиме состојбите секојдневно. Ќе видиме во каков правец ќе се движат. Доколку има потреба, нормално како Министерството ќе излеземе со конкретни мерки и предлози за санација на таквата состојба, рече Трипуновски.

Трипуновски не очекува проблеми при откупот на јагнето за кое кланиците понудиле цена од 260 денари за откуп од лице место. Пикот се очекува веќе следната недела пред Велигденските празници. 

– Имавме серија состаноци на коишто присуствуваа здруженијата на одгледувачи на овци и кланичните капацитети. На последниот состанок, кланиците понудија цена од 260 денари за откуп на јагне од лице место, значи не донесено до кланица. Нормално, таа цена зависи од категоријата на јагнето кое се предава. Не очекувам да се случат некои поголеми проблеми. Доколку оваа цена се одржи во текот на откупот, со достигнување на шпицот што се очекува веќе наредната недела, можно е да има и мало покачување на цените. Ја следиме состојбата како Министерство и мислам дека сточарите ќе бидат задоволни, рече Трипуновски.

На денешното годишно собрание на Федерацијата на фармери, земјоделците како проблеми со кои се соочуваат ги посочија ниските откупни цени, недостигот на работна сила, инфраструктурата и негативните влијанија на климатските промени.

Според претседателот на Националната федерација на фармери, еден од најголемите предизвици е миграцијата од руралните средини односно половина од младите и жените ги напуштаат селата, што ја нарушува демографската и економската стабилност на овие заедници.

– Без нова генерација млади земјоделци, иднината на секторот е неизвесна. Токму затоа се потребни конкретни политики и мерки – земјоделството мора да стане атрактивна професија за младите преку подобри услови за работа, финансиски стимулации, модернизација на инфраструктурата и програми за едукација и поддршка на младите и жените во руралните средини, порача Јорданоски. 

Најкритични сектори, според него, се полјоделството и сточарството. Вели овчарите се дефицитарен кадар и веќе не може да се најде овчар ниту за две илјади евра плата.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделцитемеркиМинистерствотореагирацените
Претходен напис Променливо време со дожд и снег, постудени утра со температури под нулата
Следен напис Инфлацијата во еврозоната се зголемува според проценките
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?