Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП дел од европската дебата за иднината на оданочувањето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП дел од европската дебата за иднината на оданочувањето
Агровести

УЈП дел од европската дебата за иднината на оданочувањето

Објавено 18/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претставниците на Управата за јавни приходи (УЈП) активно учествуваа во европските дебати за современите даночни системи, стекнувајќи искуства и градејќи партнерства за иднината на оданочувањето. Во изминатите два дена, директорката на УЈП Елена Петрова, заедно со помошник директорката Тања Анчевска, учествуваа на Даночниот симпозиум на Европската Унија, насловен „Иднината на оданочувањето: нееднаквост и раст во глобалната економија“, коорганизиран од Европскиот парламент и Европската комисија.

Симпозиумот, како што посочуваат од УЈП, обедини високи носители на политики и експерти од областа на јавните финансии и оданочувањето – сегашни и поранешни министри за финансии, директори на даночни администрации, генералниот секретар на ОЕЦД, претставници на Европската комисија, како и истакнати академици.

-Во фокусот на дискусиите беа клучни прашања за модернизација на даночните системи, со акцент на рационализација на обврските за даночно известување, поедноставување на правилата и процедурите и зголемување на правната сигурност, со цел намалување на административниот товар во областа на оданочувањето, при истовремено обезбедување ефикасна заштита од даночна евазија и избегнување на оданочување. Беше нагласено дека глобалниот даночен контекст значително се менува и носи зголемени фискални притисоци под влијание на демографските трендови, зголемените јавни расходи, климатските предизвици, новите технологии, како и глобалните политички предизвици, соопшти УЈП.

Во такви услови, се вели во соопштението, даночните политики треба да бидат усогласени со економските цели, да поттикнуваат продуктивни инвестиции и да придонесуваат кон одржлив економски раст.

-Посебно внимание беше посветено на глобалниот минимален данок, како инструмент за спречување на штетна даночна конкуренција и намалување на практиките на префрлање на профитот, со што се зајакнува правичноста и стабилноста на даночните системи, а истовремено се намалува притисокот врз јурисдикциите да создаваат даночни поволности кои чинат јавни приходи. Една од клучните теми беше и намалувањето на ДДВ јазот, кој на европско ниво изнесува околу 10 проценти од вкупните обврски. Во таа насока, беше истакната потребата од зајакнување на даночната усогласеност преку дигитализација, но и преку подобра размена на податоци и развој на аналитички капацитети во даночните администрации, посочуваат од УЈП.

Новите иницијативи за стандардизација на податоците, како ВИДА, како што велат, се гледаат како значаен чекор кон поефикасна наплата и заштита на приходите. Современите даночни администрации, додаваат, треба да се развиваат не само како органи за наплата, туку и како организации базирани на податоци и аналитика, способни да одговорат на новите економски реалности.

-Во рамки на настанот, претставниците на УЈП остварија средби со колеги од повеќе земји, со цел размена на искуства и продлабочување на меѓународната соработка. Учество на вакви настани од висок ранг е од особено значење за Управата за јавни приходи, бидејќи овозможува пристап до најновите европски и глобални трендови, размена на добри практики и зајакнување на институционалните капацитети за градење на современа, транспарентна и ефикасна даночна администрација, се потенцира во соопштението од УЈП.

УЈП

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:европската дебатаоданочувањетоујп
Претходен напис Подобрена безбедноста на храната во домовите за стари лица
Следен напис Зошто бензинот е поскап во Германија отколку во поголемиот дел од ЕУ?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?