Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
Агровести

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена

Објавено 16/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска го објави списокот на граѓани што се стекнаа со право на ваучер за купување и вградување инвертер-клима уред во рамките на програмата за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Со објавата почнува и последната фаза од постапката, во која 4.070 домаќинства ќе може во рок од 30 дена да ги подигнат своите ваучери во меѓуопштинските центри за социјална работа.

Како што соопштуваат од Министерството, станува збор за втората, завршна фаза од постапката, која се однесува исклучиво на домаќинствата што до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполниле критериумите утврдени во Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија. Списокот е достапен на веб-страницата на Министерството.

Од 18 март до 17 април 2026 година лицата што се наоѓаат на списокот ќе може да си ги подигнат своите ваучери во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината во која живеат. На веб-страницата на Министерството детаљно е наведена потребната документација, како и самиот тек на процедурата за подигнување.

Рокот за подигнување на ваучерите изнесува 30 дена од денот на објавата. Ваучерот овозможува набавка и вградување инвертер-клима уред од најмалку 3,5 киловати со енергетска класа А+, а може да се искористи најдоцна до 15 октомври 2026 година.

Од Министерството дополнуваат дека во следните денови ќе го објават и списокот на компании со кои се склучени договори за оваа мерка. Граѓаните ќе може да изберат клима-уред од понудата на овие компании, без дополнителна доплата, при што вредноста на ваучерот изнесува до 28.000 денари.

– Министерството уште еднаш нагласува дека оваа објава се однесува само на граѓаните што веќе аплицирале на јавниот оглас во 2025 година и претставува завршна постапка за реализирање на поддршката. Во рамките на овој повик се доделуваат вкупно 4.070 ваучери – нагласуваат од таму.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:30 денаваучериинвертер-климисписоците
Претходен напис Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги – финансиската едукација мора да биде дел од образованието
Следен напис Жител на Чашка запалил стрништа во неговиот блок кое се проширило на соседниот блок, повредени лица нема
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?