Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РКЕ: Бензините поскапуваат за 7, дизелот за 6,5 денари по литар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > РКЕ: Бензините поскапуваат за 7, дизелот за 6,5 денари по литар
Агровести

РКЕ: Бензините поскапуваат за 7, дизелот за 6,5 денари по литар

Спонзорирана содржина
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image
Спонзорирана содржина

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека со најновата одлука се зголемуваат максималните малопродажни цени на нафтените деривати.

Според одлуката, максималната малопродажна цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 7 денари по литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 6,5 денари по литар. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 4,867 денари по килограм.

Од 17 март 2026 година од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 86,50 денари за литар

ЕУРОСУПЕР БС-98 – 88,50 денари за литар

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,00 денари за литар

Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) – 89,50 денари за литар

Мазут М-1 НС – 47,453 денари за килограм

Од РКЕ посочуваат дека со нивните одлуки се утврдуваат максимални цени, а трговците со нафтени деривати можат да ги формираат цените и пониско од утврдените.

Истовремено, Комисијата им укажува на нафтените компании да ги намалат малопродажните цени за 2 денари по литар, согласно договорениот попуст меѓу Владата и главниот добавувач ОКТА, за граѓаните директно да го почувствуваат овој бенефит.

Одлуката за новите цени е донесена поради растот на берзанските цени на нафтените производи, како и поради континуираниот раст на доларот во однос на денарот во изминатите пет дена.

Референтните цени на светските пазари, во споредба со претходната пресметка, бележат зголемување во просек: кај бензините за 16,964%, кај дизелот за 11,714%, кај екстра лесното масло за 13,059%, а кај мазутот за 14,591%. Курсот на денарот во однос на доларот во истиот период е повисок за 0,8453%.

Со оваа одлука, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 8,98% во однос на одлуката од 9 март 2026 година, а од РКЕ наведуваат дека и покрај тоа, цените на горивата остануваат најниски во регионот и Европа.

РКЕ

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:БензинитедизелотпоскапуваатРКЕ
Претходен напис Грам 24-каратно злато на светските берзи се тргува за 140 евра
Следен напис Агро Геа: Резервни делови за БАЛИРАЧКИ од брендовите SIPMA, JOHN DEERE, CLASS, WELGER, LIFAM, NH, AMA Scrobatti, MF, IHC и други
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?