До крајот на денов во нашата држава времето ќе се задржи променливо облачно со повремен локален дожд, особено во западните предели од земјата. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и умерен ветер, особено долж Повардарието повремено засилен од северен правец.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален, слаб дожд. Ќе дува умерен, попладне повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната дневна температура се очекува да се искачи до 21 степен Целзиусови.
Потоа во следните неколку денови во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди. Во попладневните пак ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд, особено утре и во среда. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Утре сеуште ќе дува умерен ветер , долж Повардарието повремено засилен од северен правец.
Температурите на воздухот до среда ќе бидат под просекот за овој дел од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени. Пораст на температурите на воздухот и тоа под влијание на потопла воздушна маса од југ ќе имаме од четврток.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

