Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Марков: Нема да се одземаат тракторите и приклучната механизација кои се нерегистрирани и без сопственост
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Марков: Нема да се одземаат тракторите и приклучната механизација кои се нерегистрирани и без сопственост
Агровести

Марков: Нема да се одземаат тракторите и приклучната механизација кои се нерегистрирани и без сопственост

Објавено 12/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пратеникот Петар Марков на својата ФБ страна објави дека се донесени законски измени со кои нема нема да се одземаат тракторите и приклучната земјоделска механизација. Донесени се измените во Законот за возила на барање на земјоделците со оглед дека се уште не е регулиран статусот на тракторите односно на кое име се водат за да имат документ за сопственост па да се регистрираат.

-Денеска во Собранието на Република Македонија предложивме и донесовме измени во Законот за возила кои беа директно побарани од земјоделците во Струмичкиот регион.

Согласно постојната регулатива односно за да се пушти возило во сообраќај на патиштата во државата неопходна е регистрација на истото, која постапка зависи од проверката на техничката исправност на возилото.

Имајќи во предвид дека постојат тековни предмети за постапките за утврдување на сопственички статус како и лица на кои не им е утвредена сопственоста на возилата заради не поднесување на барање за легализација на трактори, тракторски приколки и на мобилни машини, мотокултиватори, приколка за домување, други приклучни возила, се донесе ново законско продолжување на рокот за поднесување на барање за легализација.

Токму од оваа потреба заради заштита на правата на граѓаните и оневозможување на создавање на правна празнина и правна несигурност во оваа област и заради неможност за решавање на овие започнати постапки, со ова законско дополнување се уредува уште еден законски дополнителен рок за овие граѓани како и за останатите кои не поднеле барање за легализација, ќе имаат можност во законскиот рок предвиден во овој предлог истото да го реализират и да се затвори правно ова прашање кое како незавршена состојба постои во државата.

На физичките и правните лица на кои во постапка за утврдувањето статус на сопственик, односно во постапка на легализација на трактор, тракторска приколка, мобилна машина, мотокултиватор (…) во согласност со закон сопственичкиот статус не им е утврден со денот на влегувањето во сила на овој закон, статусот може да им се утврди со поднесување предлог за легализација на трактор, тракторска приколка, мобилна машина, мотокултиватор (…) до месно и стварно надлежен суд, според местото каде што се наоѓа живеалиштето на подносителот на предлогот за легализација.

Во предлогот за легализација подносителот ги наведува следниве податоци и ги доставува следниве прилози:

– идентификациски податоци – марка,

– тип, број на шасија и мотор,

– година на производство на возилата

– причините поради кои се поднесува предлогот,

– изјава заверена на нотар, со која подносителот под целосна материјална и кривична одговорност изјавува дека совесно го владеел возилото и дека за истите не се води друга постапка пред надлежен суд и

– приложува други докази кои ги поседува за возилата

Судот во рок од три дена од денот на поднесување на предлогот, преку огласната табла на судот, ги информира заинтересираните правни или физички

лица за поднесениот предлог. Објавувањето на известувањето од судот трае 30 дена од денот нa поставувањето на огласната табла.

По истекот на рокот, доколку со докажување на својот правен интерес заинтересираното лице писмено до судот не се обрати, судот во рок од 15 дена ќе донесе решение за легализација – утврдување сопственички статус на возилата.

Како избрани претставници на граѓаните ќе продолжиме да одговарање на нивните барања, во меѓувреме работејќи на многу решенија на досега констатирани проблеми.

Фејсбук статус на Петар Марков

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:законлегализацијамеханизацијатрактори
Претходен напис Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 12.03.2026 година
Следен напис (ВИДЕО) Сточарите очекуваат итна исплата на субвенциите до 20 март, во спротивно најавуваат протести
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?