Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нема друга алтернатива за бизнисот освен европската интеграција, Азески на конференција во ЕУ делегација во Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нема друга алтернатива за бизнисот освен европската интеграција, Азески на конференција во ЕУ делегација во Скопје
Агровести

Нема друга алтернатива за бизнисот освен европската интеграција, Азески на конференција во ЕУ делегација во Скопје

Објавено 12/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, денеска, 12.3.2026 година, ќе настапи на Конференција организирана од канцеларијата на ЕУ Делегацијата во Скопје со социјални партнери и граѓански организации од државата. На панелот – „учество на организираното граѓанско општество во преговорите за пристапување со ЕУ и спроведувањето на Реформската агенда“, во улога на придружен член на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК), Азески ќе говори за определбата и ставот на бизнисот дека, ЕУ останува главен трговски партнер на нашата земја, и за важноста и улогата на европската интеграција, која е пред сè економска и развојна потреба. Застапувајќи ја оваа теза, претседателот Азески лично, минатата година во рамки на Комората, покрена иницијатива за формирање на Бизнис Клубот Европа, со визија,  бизнис заедницата да стане клучен партнер во економската димензија на пристапувањето кон ЕУ и водечка платформа за сите економските теми поврзани со евроинтеграциите преку учество и на академската јавност, релевантните чинители во евроинтегративните процеси и дипломатските претставници од европските земји.

За бизнис заедницата, неопходно е да има јасен, структуриран и кохерентен дијалог во целиот тек на процесот на пристапување, за на крајот на тој процес да мора да имаме компании кои ќе бидат во целост спремни да се носат со пазарните сили на единствениот пазар, да ја одржат својата конкурентност на тој отворен пазар, но и да придонесуваат кон европските ланци на снабдување – а тоа единствено може да биде постигнато со наша целосна вклученост во текот на целиот процес, вели Азески.

На патот кон ЕУ интерациите од особено значење се и:

– Реформската агенда, на која бизнис секторот гледа како на клучен инструмент. Но нивото на имплементација е доста скромно – само 4,41% или 6 реализирани реформски чекори. Лани дополнително испорачани се уште 27 чекори од предвидените 41 од страна на државните органи, што е далеку од исполнувањето на зацртаните 136 чекори.

– Подготовка на квалитетни проекти за финансирање, за директни користи за компаниите, но, само доколку се поддигне капацитетот на апикациите за целосна искористеност на достапните средства, и преку Планот за раст, но и генерално преку ИПА.

Во тие процеси, Стопанската Комора, изразува подготвеност да биде предводник и активен двигател на патот за европска интеграција на македонскиот бизнис-сектор, обезбедувајќи платформа за соработка, партнерство и заеднички напредок.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Азескиалтернативаевропската интеграцијаеуСкопје
Претходен напис (ВИДЕО) АФПЗРР денеска во Карбинци на средба со земјоделците: Презентација на Програмата за субвенционирање за 2026
Следен напис Пред да сеете шеќерна репка, обрнете внимание на превентивните мерки за заштита од болести и штетници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?