Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се зајакнува системот за следење на дрвната маса – собраниската Комисија за земјоделство ги разгледа предлог-измените на Законот за шуми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се зајакнува системот за следење на дрвната маса – собраниската Комисија за земјоделство ги разгледа предлог-измените на Законот за шуми
Агровести

Се зајакнува системот за следење на дрвната маса – собраниската Комисија за земјоделство ги разгледа предлог-измените на Законот за шуми

Објавено 11/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната седница го разгледа, а потоа и го проследи на натамошна постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите. Предложениот текст е поднесен од група пратеници и досега за него не се поднесени амандмани.

Измените треба да овозможат целосно следење на движењето на дрвото и дрвната маса, низ сите фази на производствениот и дистрибутивниот процес, а целта е спречување на незаконската сеча, нелегалниот промет и злоупотребите во шумарскиот сектор. Предложените решенија предвидуваат и поедноставување на постапката за полагање на испитот за шумски полицаец, преку укинување на одредбите поврзани со електронското и техничкото спроведување на испитот.

Како што беше речено на седницата, предложените решенија се во насока на унапредување на правната сигурност, институционалната ефикасност и кадровскиот капацитет во шумарството.  

-Со измените ќе има многу попрецизна законска рамка и оперативно функционирање за следење на дрвната маса. Инспекцискиот надзор ќе ги опфаќа сите процеси во ланецот на производствениот и дистрибутивниот процес. Ќе се постигне максимална контрола, а целта е конечно да се спречат сите злоупотреби во шумарскиот сектор. Се создаваат законски услови за целосно оперативно воспоставување и примена на Системот за следење на дрвна маса како интегриран подсистем на Шумарскиот информативен систем, кој е воспоставен и се води во Министерството за земјоделство. Со ова се обезбедува централизирано управување со податоците, јасно дефинирана надлежност и унапредување на ефикасноста и транспарентноста во постапките за следење на дрвото, дрвната маса и целиот ланец на производство, транспортот и прометот, истакна пратеникот Златко Пенков, кој е еден од предлагачите на законските измени.

Предложените законски решенија, дополни, ќе ја подобрат и координацијата меѓу надлежните институции, ќе обезбедат навремена и точна размена на податоци и ќе создадат предуслови за целосна дигитализација на постапките поврзани со управувањето, користењето и прометот на дрвото и дрвната маса.  

Се воспоставуваат и законски регулирани услови за прием и ангажирање лица од областа на шумарството – дипломирани шумарски инженери, насока шумарство, со цел стекнување потребно работно искуство. Јавното претпријатие „Национални шуми“ се утврдува како единствено претпријатие од областа на шумарството каде овие лица можат да стекнат практично работно искуство, што ќе придонесе кон системско оспособување на млад стручен кадар.  

Претседателот на Комисијата и пратеник од СДСМ, Љупчо Николовски, рече дека во предложениот текст има и добри, но и, како што нагласи, скандалозни решенија зашто за попрофесионална и поефикасна шумска полиција, критериумите, подвлече, мора да се засилуваат.

-Дали со ваквите решенија одиме кон професионализација или се враќаме назад? Не се согласувам за тестот на интегритет зашто ова се униформирани службени лица со посебни овластувања. Не е точно дека институциите не го издаваат, особено кога станува збор за морални и етички вредности на лица кои носат оружје. Нецелисходно е да се укине тестот за интегритет, а здравствени институции го издаваат, не е точно дека не го издаваат. Во однос на тестот, наместо да се засилуваат критериумите, се укинува електронското полагање во време на дигитализација, што е неразбирливо. Се образложува во предлог-законот дека се укинува „за да се прилагодиме на техничките можности“. Значи, техничките можности затаиле. Поборник сум колку што може повеќе процесите да бидат дигитализирани за да се минимизира човечкиот фактор. Нема да направиме професионализација на шумските полицајци ако го укинеме тестот за интегриртет или ако одиме чекор назад во однос на полагањето, нагласи Николовски. 

МИА

Може да ви се допадне

Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството
Таг:дрвната масаЗаконот за шумисистемотследење
Претходен напис Министрите за енергија на Г7 отворени за ослободување на резервите на нафта
Следен напис Грција ќе воведе плафон на профитната маржа на горивата и на производите во супермаркетите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?