Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Наскоро почнува летното сметање на времето: Совети од експерти за брзо приспособување на биоритамот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Наскоро почнува летното сметање на времето: Совети од експерти за брзо приспособување на биоритамот
Агровести

Наскоро почнува летното сметање на времето: Совети од експерти за брзо приспособување на биоритамот

Објавено 11/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нa 29 март, поточно ноќта меѓу сабота и недела, точно во 2 часот наутро, стрелките на часовникот се поместуваат на 3 часот. Во тој миг, еден час од нашиот викенд исчезнува.

Правилото е едноставно: Напролет, стрелките одат напред. Со други зборови, се движиме кон летото и подолгите денови, иако имаме еден час помалку за сон. И, за разлика од дел од луѓето, повеќето паметни телефони и часовници автоматски ќе се приспособат на новото време.

Зошто оваа промена е толку тешка?

Може да изгледа чудно што само еден час предизвикува таков проблем, но човековото тело не е „програмирано“ за такви моментни временски промени. Во средиштето на сѐ тоа е циркадијалниот ритам – внатрешниот биолошки часовник којшто одлучува кога човекот е буден, кога се чувствува поспано и за функционирањето на бројни други процеси во телото. И, одеднаш, тој внатрешен часовник се наоѓа вон чекор со реалното време.

Затоа, првиот понеделник по промената, многу луѓе се будат поуморни од вообичаеното, попоспани, помалку сосредоточени и воопшто – со поинакво расположение.

Зошто воопшто ги поместуваме стрелките на часовникот? Идејата за прилагодување на времето датира од Првата светска војна. Германија беше меѓу првите што воведе летно сметање на времето, со цел да се заштеди енергија и да се намали потрошувачката на јаглен.

Меѓутоа, денес многумина веруваат дека менувањето на стрелките носи повеќе непријатности отколку корист, бидејќи во современиот свет, заштедите на енергија не се големи, додека луѓето сè повеќе се жалат на нарушувања на сонот и дневните рутини.

Сепак, според експертите, постојат неколку едноставни трикови што може да му помогнат на телото полесно да се приспособи на новиот ритам. Во таа смисла, првиот совет гласи: Постепено поместете го своето време за спиење наназад.

Експертите препорачуваат да не се чека сабота навечер, туку луѓето да се обидат да си легнат 15 – 20 минути порано од вообичаеното во четврток и петок. Ова ќе му олесни на телото да ја прифати промената.

Искористете ја природната светлина

Тие, исто така велат дека веднаш треба да се пушти дневната светлина во спалната соба. Сончевата светлост наутро и преку целиот ден му помага на телото побрзо да се приспособи на новиот ритам.

Следниот совет: Откако ќе се разбудите, испијте прво чаша вода, по можност млака, со лимон. Кафето следи отпосле. Хидратацијата му помага на телото да се разбуди и полесно да го започне денот.

Искористете ја неделата за одмор. Денот кога се поместува времето не е наменет за напорни обврски. Тој неделен ден треба да е помине што е можно помирно, без стрес и обврски.

Добрата страна на промената на времето

Иако губиме еден час за спиење, промената на часовникот носи и голема предност – подолгите денови и повеќе светлина во вечерните часови, велат познавачите. Ова значи дека по работните часови, ќе имаме повеќе време за прошетки, дружење, престој надвор во природа и уживање во пролетното време. Сонцето ќе зајде подоцна, па вечерта ќе биде потопла и попријатна…

Затоа, на крајот на краиштата, и покрај почетниот замор, телото ќе ги почувствува и подолгите денови, поголемата енергија и вистинското чувство дека пролетта конечно пристигнува.

МИА

Може да ви се допадне

Во Штип утре прскање против комарци
УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Таг:биоритамотвреметоекспертилетното сметање
Претходен напис Извештај: Земјоделството во ЕУ создава третина од емисиите на стакленички гасови
Следен напис Нафтата поевтинува, ИЕА размислува за ослободување на резерви
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?