Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Извештај: Земјоделството во ЕУ создава третина од емисиите на стакленички гасови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Извештај: Земјоделството во ЕУ создава третина од емисиите на стакленички гасови
Агровести

Извештај: Земјоделството во ЕУ создава третина од емисиите на стакленички гасови

Објавено 11/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделството и системот за производство на храна во Европската Унија создаваат околу една третина од нето-емисиите на стакленички гасови во блокот, се наведува во извештај објавен денеска од Европскиот научен советодавен одбор за климатски промени.

Во исто време, секторот се соочува со сè поголеми закани од климатските промени, предупредува советодавното тело, оценувајќи дека сегашните мерки не се доволни за исполнување на климатските цели на ЕУ за 2040 и 2050 година.

Според извештајот, постигнувањето на тие цели, паралелно со обезбедувањето на европското снабдување со храна и егзистенцијата на земјоделците, ќе бара сеопфатна трансформација на земјоделскиот и прехранбениот систем на Унијата.

Овој систем го опфаќа целиот синџир на вредност – од производството на ѓубрива до потрошувачката на храна.

– Иако земјоделството постигнало одреден напредок во намалувањето на емисиите, обемот и темпото на тие намалувања и натаму се недоволни – изјави претседателот на советодавниот одбор Отмар Еденхофер.

Покрај техничките подобрувања, советниците препорачуваат намалување на субвенциите што придонесуваат за климатски штети, воведување цена за емисиите во земјоделскиот сектор и поддршка на земјоделците во преминот кон практики што се поповолни за климата.

Тие, исто така, повикаа на политики што ќе поттикнат поодржливи начини на исхрана и намалување на отпадот од храна. 

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:еуЗемјоделствотоизвештајстакленички гасовитретина
Претходен напис Најстудено утрово во Берово минус 6, денеска температури до 20 степени
Следен напис Наскоро почнува летното сметање на времето: Совети од експерти за брзо приспособување на биоритамот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?