Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Од почетокот на 2026 се исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Од почетокот на 2026 се исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците
Агровести

Трипуновски: Од почетокот на 2026 се исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците

Објавено 11/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од моментот на носењето на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, заклучно со последните исплаќања, кон земјоделците се исплатени околу 20 милиони евра, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во емисијата „Топ тема“.

Министерот посочи дека во изминатиот период Министерството одржало серија состаноци со најголемиот број земјоделски здруженија, со цел креирање на мерките во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.

„Првиот состанок беше одржан пред донесувањето на Програмата за финансиска поддршка, на кој се разговараше за предлози, идеи и сугестии од земјоделските здруженија. Целта беше мерките да се креираат заеднички и да одговорат на потребите на производителите“, истакна Трипуновски.

Тој додаде дека во рамките на Министерството функционираат потсекторски групи за секое производство, во кои членуваат претставници од земјоделските здруженија, наукатата, бизнис секторот и администрацијата.

„Во тие потсекторски групи детално се разговараше за содржината на Програмата и за мерките што треба да ја подобрат конкурентноста и развојот на земјоделското производство“, нагласи министерот.

По донесувањето на Програмата биле одржани и дополнителни состаноци, на кои биле презентирани новините на Програмата.

Министерот Трипуновски потенцираше дека Министерството останува отворено за соработка со сите земјоделци и здруженија.

„Вратата на Министерството е отворена за секој кој сака да се консултира за одредени теми. Јас секогаш сум на терен, помеѓу земјоделците, затоа што само преку директна комуникација можеме да креираме политики што навистина ќе им помогнат“, порача министерот Трипуновски.

МЗШВ

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:2026земјоделцитеисплатениТрипуновски
Претходен напис Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода
Следен напис Најстудено утрово во Берово минус 6, денеска температури до 20 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?