Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народната банка – координатор на Националната коалиција за Кодексот за финансирање на жените претприемачи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народната банка – координатор на Националната коалиција за Кодексот за финансирање на жените претприемачи
Агровести

Народната банка – координатор на Националната коалиција за Кодексот за финансирање на жените претприемачи

Објавено 06/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Народната банка денеска соопшти дека продолжува со активностите околу спроведување на Кодексот за финансирање на жените претприемачи. Кодексот се спроведува согласно Меморандумот за соработка потпишан со Европската банка за обнова и развој, а со вклученост на претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.

Станува збор за иницијатива на светско ниво на регулаторите,  давателите на финансиски услуги и на другите учесници во финансискиот екосистем, насочена кон активности коишто треба да придонесат за полесен пристап до финансии на микро, малите и средните претпријатија во сопственост на жени.

Во рамки на активностите на Кодексот, во октомври 2025 година, Народната банка првпат објави преглед на податоците за пристапот до кредити на претпријатијата во сопственост на жени (достапен на следнава врска: https://mkddashboard.fsturkey.com/mk ). Воедно, наведува НБ, активно се работеше на формирање на Националната коалиција за примена на Кодексот во нашата земја. Покрај Народната банка, како национален координатор и обединител, во Националната коалиција учествуваат 19 институции, меѓу кои шест банки, две штедилници и Македонската банкарска асоцијација (МБА). Од јавниот сектор, вклучени се Министерството за економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво. Институциите коишто се дел од Националната коалиција се организирани во три работни групи посветени на деловното окружување, прибирањето податоци и на финансиските и нефинансиските услуги за претпријатијата во сопственост на жени.

Институциите членки на Националната коалиција неодамна го заокружија списокот со заложби за примена на Кодексот и го објавија на своите веб-страници, а Народната банка го објави интегрирано, во делот од својата веб-страница посветена на Кодексот за финансирање на жените претприемачи (https://www.nbrm.mk/we-finance-code-en.nspx). Објавените списоци упатуваат на цврстата определба за ангажирање во активности за поддршка на женското претприемаштво во нашата земја, што е во прилог на јакнење на потенцијалот на економијата во целина.

– Активностите на Народната банка и Националната коалиција во следниот период ќе бидат насочени кон натамошно проширување на Коалицијата со нови потписници, спроведување анкета за оцена на потребите, утврдување на националната дефиниција на претпријатијата во сопственост на жени за потребите на Кодексот, наоѓање системски решенија во доменот на податоците според родовата структура во сферата на финансиите, дефинирање на начинот на известување, како и редовни анализи на податоците, се вели во соопштението.

МИА

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:жените претприемачикоординаторНародната банкаНационалната коалиција
Претходен напис Трамп: Не сум загрижен за зголемувањето на цените на бензинот поради војната со Иран
Следен напис Најстудено утрово во Лазарополе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?