Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дојран ќе добие наколна населба со четири објекти и музеј за артефакти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дојран ќе добие наколна населба со четири објекти и музеј за артефакти
Агровести

Дојран ќе добие наколна населба со четири објекти и музеј за артефакти

Објавено 04/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Основен проект за изградба на Музеј на отворено во водите на Дојранското Езеро, по примерот на охридската наколна населба, ќе се изработи оваа година.

Проектот кој предвидува реконструкција на праисториска наколна населба е дел од годишната програма за работа на надлежниот Завод за заштита на споменици на култура и Музеј од Струмица и за него се издвоени 600 000 денари.

Археологот Зоран Рујак од струмичкиот Завод и музеј, кој во изминатите години ги предводи истражувањата на терен во месноста Мрдаја, до самата граница со соседна Грција, објаснува дека за најпогодна локација на која би се градел новиот музеј е избрана поранешната струмичка плажа.   

– Врз основа на археолошки истражувања од 2012 до 2014 година се добија одредени сознанија за карактерот, распоредот и содржината на праисториска наколна населба која во минатото постоела во Дојран. Населбата била активна во доцната бронзена епоха. Тоа беше почетна основа за размислувањето дека Дојран како туристичко место, исто како и во Охрид, треба да добие Музеј на отворено и во текот на 2017 и 2018 година од Министерството за култура се добија средства за идеен проект, кој откако се изработи беше јавно презентиран. Тргнувајќи од оваа позиција беше преговарано со општина Дојран и врз основа на одредени параметри, како што се т.н. роза на ветровите, пристапноста, можноста за паркинг и друго, за локација на идниот музеј се одбра малиот залив пред хотелот „Ла Тераса”  – изјави Рујак.

Со идејниот проект е предвидено формирање на четири објекти во водите на Дојранско Езеро, споени со мост на брегот и еден мал музеј на крајбрежјето каде што ќе се изложат предмети пронајдени при истражувањето.

– Од септември до последниот ден на декември минатата година бевме на терен и тоа беа досега најдобрите спроведени археолошки истражувања во Дојран. Се потврди приказната дека објектот се протегал на посебни платформи, поврзани меѓу себе со мали мостови, за разлика од охридската населба која била на една платформа. Во најновите пронајдоци имаме остатоци од еден од мостовите, бронзени предмети меѓу кои алат и накит, керамички предмети, пронајдоци од камен, кремен, коска, садова и амбалажна керамика, садови за загревање на просториите, но и потврда дека населбата била развиен металуршки центар – додава Рујак.

Минатата година, при посета на министерот за култура Зоран Љутков на ова туристичко место, идејата за Музеј на отворено беше поддржана со став дека ќе даде нов импулс во туристичката понуда на Дојран.

– Основниот проект кој ќе се изработи оваа година е целосен проект до градба на објектот, односно ги предвидува сите фази на изградба, електрика, статика, внатрешно уредување итн., кои се поминати низ сите релевантни институции и на крај ревидирани. Потоа наредна фаза е избирање изведувач и почеток на изградба –  вели археологот Рујак.

Според археолошките истражувања, дојранската праисториска населба настрадала во текот на судирите од т.н. големи егејски преселби во 12 век пред нашата ера, период кога биле уништени и повеќе познати цивилизациски центри како грчкиот Микена.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:артефактидојранмузејнаколна населбачетири објекти
Претходен напис Обезноста во клучните ризик фактори за предвремена смртност, Здружението ОБЕМ почнува со едукативна кампања
Следен напис Сообраќајот по суви коловози и без застои
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?